fbpx

Погонот на „Арчелор Митал“ што го загади Вардар од денеска повторно работи

-

Од денес повторно работи погонот на „Арчелор Митал“ или под новото име „Либерти Хаус Груп“, од каде беше предизвикано загадувањето на Вардар на 22 септември, кога преку главниот канализационен испуст кај Ново Лисиче се излејаа токсични отпадни води со висока концентрација на рѓа и хлороводородна киселина.

Ова за „Мета.мк“ го потврдија во Државниот инспекторат за животна средина, од каде што информираа дека фабриката го завршила санирањето на дефектот, по што го известила Инспекторатот за новата ситуација.

Од Инспекторатот претходно информираа дека „Арчелор Митал“- „Либерти Хаус Груп“, по извршениот вонреден инспекциски надзор поврзан со хаваријата на 22 септември од надлежниот инспектор добил решение со кое компанијата ќе биде казнета со забрана за дејност на погонот кој ја предизвикал хаваријата, во времетраење од 90 дена, со напомена дека се работи за максимално времетраење на забрана за работа, предвидено со закон.

„Изречената забрана беше 90 дена или до отстранувањето на дефектот“, појаснува Дарко Блинков, раководител на Секторот за поддршка, аналитика и меѓународна соработка при Државниот инспекторат.

Според Блинков, вонредните контроли направени откако дефектот бил отклонет, покажале дека се отстранети причините за предизвиканата хаварија по што било дадено зелено светло „Арчелор Митал“ да продолжи со нормална работа.

Хаваријата која предизвика испуштање на огромни количества на отпадна индустриска вода направи помор на риба по текот на Вардар на потегот од Ново Лисиче до Трубарево. Отпадните води од комплексот на некогашна „Железарница“ се влеваат во канализациониот систем кој води до реката Вардар.

Од ДИЖС реагираа и на настапот на државната секретарка во Министерството за животна средина, Ана Петровска на „Телма“, и на изјавата дека на денот на хаваријата немало инспектори од ДИЖС на местото на хаваријатаа бидејќи биле на пат.

„Со овој допис ја демантираме оваа изјава како неточна, со намера да се наштети на интегритетот на Инспекторатот и на инспекторите посебно, што дава погрешна слика кај јавноста за реалната состојба во Инспекторатот, посебно кога е ова изречено од висок функционер на Министерството за животна средина и просторно планирање“, стои во писмената реакција на ДИЖС, од каде тврдат дека за инцидентот не бил известен ниту Директорот на Државниот Инспекторат за животна средина, односно инспекторите се информирале преку медиумите во доцните вечерни часови, по што во понедленикот наутро се реализирани трите вонредни инспекциски надзори и дека тоа била причината за нивната ненавремена реакција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...