fbpx

ВМРО – ДПМНЕ од Штип одбива преименување на институциите со додавката Северна

-

Советниците од опозициската ВМРО – ДПМНЕ најавија дека ќе ја напуштат седницата на Советот на Општина Штип, на секоја точка од дневен ред, каде се бара промена на името на институциите со додавката Северна. На последната седница беа измените на Статутот на ОУК Дом на млади, каде требаше да се додаде додавката Северна секаде во документот каде стои Република Македонија. Оваа точка беше одложена за наредната седница, откако опозициските советници од ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија седницата.

– Ја напуштаме седницата бидејќи остануваме на истиот став дека нема да учествуваме во гласањето во таа точка, како и на претходната седница, кога имаше во една друга институција користење на зборот Северна во нејзиниот назив – изјави Иван Јорданов, координатор на советничка група на ВМРО – ДПМНЕ.

На овој однос на опозицијата, претседателот на Советот, Јане Миланов најави дека во иднина принципиелно ќе се придржуваат на Деловникот за работа на ова тело, кое предвидува намалување на советничкиот надоместок за 30 отсто, доколку советниците отсуствуваат од седницата или работата на комисиите.

– Јас само потсетив на деловникот. Вообичаено имаме по една седница во месецот и ако советникот не се појави на седницата или неоправдано отсуствува од работата на комисиите каде членува, следува намалување на надоместокот – изјави Миланов.

Советниците за работата во Советот и помошните тела, земаат по 60 отсто од просечната плата за минатата година, односно по над 16.000 денари месечен паушал.  

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...