fbpx

Владата на седница во Битола реферираше за активностите во Пелагонискиот регион

-

Редовната 159. седница на владата се одржа во Битола, како прва седница во низата што во наредниот период ќе се одржуваат во различните региони во државата.

На седницата присуствуваа и во нејзината работа учествуваа и градоначалниците од пелагонискиот регион, од општините Битола, Прилеп, Крушево, Кривогаштани, Долнени, Новаци, Могила и Демир Хисар, а министрите во реферираа за активностите на секој од ресорите во пелагонискиот регион, особено во делот на патната и комуналната инфраструктура, како и за напредокот во изградбата на примарниот гасовод на потегот Неготино-Прилеп-Битола.

Ресорните министри информираа и за актуелните проекти во здравството, заштитата на животната средина и социјалната заштита, како и за оние во културата и локалниот економски развој.

„На оваа седница, владата ја разгледа и усвои информацијата за склучување договори за доделување финансиска поддршка на 170 компании, вклучувајќи и компании од трговско-индустриските зони и една од дијаспората, преку програмите на Планот за економски пораст. За оваа финансиска поддршка евалуирани се реализираните инвестиции за 2018 година, а се однесува за инвестициски вложувања за набавка на нови машини и опрема и за инвестиции во објекти и земјиште. Финансиската поддршка од оваа програма преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, се доделува за реализирани почетни или дополнителни инвестиции неопходни за дејноста, до 10 отсто од реализираната инвестиција, и не повеќе од 1.000.000 евра. Средствата за оваа намена се предвидени во буџетот за 2019 година. Вкупната вредност на инвестициите во овие 170 компании изнесува 230 милиони евра, со што се отвораат 4.577 нови работни места, од кои во 2018 година се веќе вработени 2117 лица“, информираат од владате.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Твич“ ги укина новите правила за рекламирање откако стримерите почнаа да ја напуштаат платформата

Услугата за пренос во живо „Твич“ објави дека ги укинува своите нови правила за рекламирање - одлука што ја донеле откако неколку стримери најавија дека ја напуштаат платформата. Оваа платформа,...
Download WordPress Themes Free
Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Free Download WordPress Themes
udemy free download
download coolpad firmware
Download Best WordPress Themes Free Download
udemy course download free