Пендаровски: Не очекуваме сигнал, туку одлука за датум

-

Претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за австрискиот весник „Пресе“ порача дека не се надева на сигнал, туку очекува одлука за добивање на датум за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ. Земјата, нагласува тој, за да дојде до таа цел го сменила името, што досега не го направила ниту една друга земја-кандидат.

– Не се надеваме на сигнал, очекуваме одлука. Во текот на изминатата година и пол, испорачавме сè што треба. Ние дури и го сменивме името по историскиот договор со Грција. Ниту една друга земја-кандидат досега не го сторила тоа. Ако ЕУ рече дека процесот на приближување е заснован на перформанси, тогаш не очекуваме повеќе или помалку отколку да се мери со тоа што сме го постигнале. Мојата порака е: Дајте ни шанса и да покажеме дека сме подготвени – вели Пендаровски во интервјуто за „Пресе“.

Во Луксембург денеска почнува министерскиот состанок за општи работи (ГАК), на кој на дневен ред ќе се најде одлуката за почеток на преговорите со Македонија.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска отпатува за Брисел и Луксембург, на последни разговори пред одлуката што се очекува од врвот на ЕУ.
Во рамките на посетата Османи ќе има и работна средба со алтернативниот министер за Европа на Грција, Милтиадис Варвициотис, прва официјална средба на министрите за европски прашања на двете земји, по изборот на новата Влада на Мицотакис во Грција.

Официјален Париз уште не ја открива својата позиција во однос на почетокот на преговорите за членството на Северна Македонија во ЕУ. Франција претходно се декларираше е против датум за Северна Македонија и Албанија, бидејќи прво бара промени внатре во Унијата. Поголемиот дел од земјите членки даваат поддршка на Северна Македонија за отпочнување на преговорите.

Тројца повредени во пресметка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, меѓу нив 14-годишно момче

Вистинска драма се одвиваше попладнево на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, каде што дојде до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица, од кои...

Уредниците на Јунајтед Медиа со апел до меѓународната јавност по ненадејната смена на раководството

Вработените во Јунајтед Груп синоќа биле известени преку корпоративно писмо дека основачот на компанијата и претседател на Советодавниот одбор, Драган Шолак, како и извршната директорка Викторија Боклаг, се разрешени од своите...

Кривична постапка против скопјанец кој пијан предизвикал сообраќајна несреќа во Кисела Вода

Основното јавно обвинителство Скопје отвори кривична постапка против 32-годишен жител на Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“ согласно член 297 став 1 од Кривичниот...

Трамп му се закани на иранскиот лидер, побара „безусловна капитулација“

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот упати жестоки закани до иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, велејќи дека е „лесна мета“ и дека „трпението на САД се истрошува“, притоа барајќи од Техеран...

Тројца повредени во пресметка со ножеви на улицата Џон Кенеди во Чаир, меѓу нив 14-годишно момче

Вистинска драма се одвиваше попладнево на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир, во близина на маркетот „Веро“, каде што дојде до физичка пресметка со ножеви меѓу три лица,...