fbpx

Анѓушев: РЕК Битола годинава заштеди 10 милиони евра и произведе 15 отсто повеќе струја

-

Од почетокот на годинава досега, РЕК Битола ги натфрлила предвидувањата, произведувајќи 15 отсто повеќе струја отколку што било прогнозирано. Притоа цената за киловат час била пониска за 10 отсто од предвиденото, со што од 1 јануари досега се заштедени околу 10 милиони евра, се пофали вчера вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, по посетата на најголемиот производител на струја во земјава.

Тој беше во посета на РЕК Битола заедно со заменикот-министер за животна средина Јани Макрадули, градоначалничката на Битола, Наташа Петровска и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

– Во досегашниот дел од 2019 година, РЕК Битола ги натфрли предвидувањата за производство на електрична енергија за 15 отсто, тоа е потребно и добро, затоа што зголеменото производство на РЕК ќе го надомести намаленото производство на хидро електраните, кои зависат од хидрологијата, а таа оваа година не ги исполни очекувањата. Она што е уште поважно е дека цената за произведен киловат час електрична енергија е пониска за над 10 отсто од очекуваната и изнесува 2,35 денари за киловат час, а ако вкупното производство се помножи со цената за киловат час, РЕК Битола има заштеда од околу 10 милиони евра, додека вкупните заштеди на РЕК достигнуваат до 13 милиони евра. Во исто време, потрошувачката на мазут која претходните години беше помеѓу 30-35 илјади тони на годишно ниво, се очекува оваа година да не надмине 10 илјади тони – рече Анѓушев.

Вицепремиерот се рече и дека воведената дневна евтина тарифа носела заштеди на граѓаните од 8 до 11 милиони евра годишно ниво, како и дека ќе падне цената и на топлотната енергија, со одлуката на Владата да се намали ДДВ од 18% на 5% за овој вид на енергија.

Вицепремиерот потенцираше дека набрзо ќе започне со изградба фотонапонска електрана на местото на стариот рудник Осломеј со инсталирана моќност од 10 мегавати, дополнителни 10 мегавати инсталирана моќност како инвестиција на ЕСМ, а следува и изградба на две фотонапонски електрани од по 50 мегавати на истата локација, на принцип на јавно-приватно партнерство. Дополнително се планира изградба на фотонапонски електрани и во рамките на РЕК Битола, а веќе е во процедура изградбата на фотоволтаици со инсталирана моќност од 62 мегавати на државно и приватно земјиште, врз основа на јавен повик.

Ветерниот парк во Богданци ќе биде надграден со дополнителни 16 мегавати, а во план е и јавен повик за изградба на хидро централата Чебрен, со што се очекува во наредниот период производството на електрична енергија од обновливи извори да се зголеми за дополнителни 350 мегавати инсталирана моќност, порача Анѓушев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...