fbpx

Седницата на која ќе се расправа за одземање на мандатот на Груевски ќе се одржи по 7 јуни

-

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната средба со новинарите информираше дека собраниската седница на која ќе се расправа за одземање на мандатот на Никoла Груевски, ќе се одржи по 7 јуни.

На истата седница може и да се расправа за новите министри, доколку стаса предлог од премиерот да се изберат нови. Според Џафери, од формален аспект нема пречки двете точки да бидат ставени на иста седница.

Премиерот Зоран Заев во денешната изјава за медиумите рече дека нема намера да преговара со пратеници за да обезбеди двотретинско место за одземање на мандатот на поранешниот премиер и сегашен пратеник Никола Груевски, затоа што пратениците во овој случај треба да постапат само по Устав и закон.

– За мене не е само банално, туку и смешно да се каже дека на Груевски не му било овозможено правото да дојде и да се пријавува за оправдано отсутен. Тој може да дојде во секој момент. Јас посакувам да дојде и веројатно ќе биде добро да си дојде дома. Тоа е нашата цел, па да се пријавува и како оправдано отустен – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...