Владата на 139. седница го назначи поранешниот пратеник на СДСМ, Есад Рахиќ, за в.д. директор истражниот затвор – Скопје.

„Истовремено, Владата ја констатираше оставката на директорот на истражниот затвор – Скопје, Ѓоко Котевски. На предлог на Управата за извршување санкции, за в.д. директор на оваа институција е назначен Есад Рахиќ, магистер по безбедносни науки и поранешен претседател на Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата на разузнавање, како и поранешен претседател на Комитетот за Одбрана и безбедност при Собранието на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението на Владата.

На редовната 139. седница за директор на Агенцијата за национална безбедност го назначи Виктор Димовски, поранешен амбасадор и досегашен државен секретар во Министерството за надворешни работи.