fbpx

Работна група треба да изготви предлог-план за спроведување на ветинг во МВР

-

Владата на 148. седница ја разгледа и усвои и Информацијата во врска со потребата од спроведување процес на проверка (ветинг) на вработените во МВР.

„Се задолжува МВР, најдоцна до 20 август да формира работна група со задача да изготви предлог-план на мерки, активности и динамика за спроведување на процесот и најдоцна до 01. октомври да го достави до Владата. Во Информацијата од МВР наведено е дека процесот на проверка (ветинг) во полицијата, во развиените земји претставува составен дел од етиката и професионалните стандарди на полициските сили и е дел од заштитните безбедносни политики“, се вели во соопштението од Влада.

Во меѓуресорската работна група предвидено е да учествуваат вработени во Министерството, претставници од стручната јавност, претставници од Мисијата на ОБСЕ во земјава, претставници од невладиниот сектор, со задача да спроведе сеопфатна анализа за тековната состојба, да утврди конкретен модел за спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во МВР врз основа на компаративни искуства и да изготви предлог закон, заедно со акциски план околу процесот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.