Седницата на која треба да се гласаат новите министри ќе се одржи в среда

-

Седницата на Собранието на која на дневен ред е предлогот за избор на членови на Владата, е закажана за среда во 11 часот, информираа од Собранието.

На истата 103. седница е и предлогот за разрешување на министрите кои ќе бидат сменети.

Според списокот на имиња кој премиерот Зоран Заев го достави до Собранието, за министер за животна средина и просторно планирање ќе биде предложен Насер Нуредини, за министер за култура Хусни Исмаили, за министер за локална самоуправа Горан Милевски, и за министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки.

Премиерот Зоран Заев ќе го превземе и министерското место во Министерство за финансии и ќе биде на местото на Драган Тевдовски.

Заев им се заблагодари на министрите што досега им служеа на граѓаните и на државата, на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, на министерот за култура Асаф Адеми, на министерот за финансии Драган Тевдовски, на министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, на министерот без ресор за спроведување на рамковен договор и политички систем Хазби Лика, и на министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ.

Франција преку свои експерти ќе помага во процесот на реформи во правосудството

Министерот за правда Игор Филков одржа средба со Амбасадорот на Франција, Н.Е.Кристоф Ле Риголер на која се разговараше за соработката меѓу двете земји во областа на правосудството, проектите и...