fbpx

Додаток на плата од 3.000 денари за младите до 23 години во производствениот сектор

-

Младинскиот додаток во висина од 3.000 денари месечно ќе им се исплаќа на млади вработени лица до 23 години со завршено најмалку средно образование во дејностите на производството за да го зајакнеме нивниот стандард и да ја стимулираме атрактивноста на стручните занимања за кои на пазарот на трудот во нашата земја постои нагласен интерес, истакна премиерот Зоран Заев, кој со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и со директорката на Агенцијата за вработување на Северна Македонија, Билјана Јовановска, во компанијата „Римес“ ја промовираа оваа мерка.

До придобивките од оваа мерка за младите, која е усвоена на 164. седница на Владата и до младинскиот додаток ќе имаат пристап младите кои се вработени со задолжително социјално осигурување кај работодавач или се самовработени во компании со претежна производствена дејност; младите кои што се вработени преку приватна агенција за вработување на работа кај работодавач со претежна производствена дејност, како и младите индивидуални земјоделци со задолжително социјално осигурување.

„Сите овие мерки, вклучувајќи ги и мерките за стимулирање на интересот за дуално, односно стручно образование, зголемениот фонд на Оперативните мерки за вработување кои вклучуваат тренинзи и оспособување на младите за профили кои се барани на пазарот, во огромна мерка им отвора шанси за вработување на нашите млади сограѓани“, рече Заев.

Царовска додаде дека ако младинскиот додаток даде позитивни резултати, во иднина ќе работат на развој и на други вакви мерки со кои што ќе го стимулираат вработувањето на младите лица.

„Од разговорот со домаќините во оваа производствена компанија 10 проценти од вкупниот број вработени се млади луѓе и тоа е добро”, рече Царовска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...