fbpx
Таг: Охрид

таг: Охрид

Вистиномер: Реконструирани улиците „Абас Емин“ и „15 Корпус“ во Охрид

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески пролетта 2019 година во кампањата за предвремените избори во оваа општина, вети реконструкција и уредување на неколку клучни сообраќајници во Охрид, меѓу кои и улиците „Абас Емин“ и „15 Корпус“, пишува „Вистиномер“ во својата оценка за изборното ветување на сегашниот градоначалник. За прв пат после децении ќе биде уреден влезот на Охрид од Битола, ќе...

Европскиот куп во далечинско пливање ќе се одржи денеска во Охрид

Попладнево во Охрид ќе се одржи ЛЕН - Европскиот куп во далечинско пливање, во олимписка дисциплина 10 километри. Во Охридското Езеро ќе влезат 33 пливачи од 14 земји учеснички, а од Македонија како земја- домаќин учество ќе земат шестмина пливачи. Четворица од пливачите кои ќе учествуваат на Европскиот куп беа рангирани во најдобрите шест пливачи на Олимписките игри во Токио...

Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура почнува в понеделник

Од 15 август до 2 септември, во Охрид ќе се одржи 54. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. По пауза од една година, Летната школа повторно ќе се одржи со настава и предавања во живо и со почитување на пропишаните протоколи. На школата своето учество досега го потврдиле четириесетмина...

Во тек е летниот камп во организација на Сојузот на извидници на Македонија

По пауза од две години поради ковид-19 пандемијата, повторно се активираше традиционалниот летен камп во кој учество земаат околу 180 извидници од цела Македонија на возраст од 12 до 16 години.  Деновиве, на плажата во Извидничкиот центар-Охрид, освен редовните посетители можат да се забележат и разиграните деца и млади кои учествуваат на летниот камп што е во организација на...

Вистиномер: Во Охрид не е изградена ниту една катна гаража

На 24 април 2019 година во предизборната кампања, Константин Георгиески како кандидат за градоначалник на Охрид вети изградба на две катни гаражи. Константин Георгиески, кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ, во соопштение до јавноста вели дека години наназад Охрид се соочува со недостиг на соодветен број на слободни паркинг места во шпицот на туристичката сезона, но и со недостиг...

Екологистите бараат Владата да прогласи мораториум за урбани и крајбрежни активности во Охрид

Еколошките активисти се загрижени за иднината на нашето единствено светско природно и културно наследство, по усвојувањето на одлуката на Комитетот за светско наследство да не го впише Охридскиот регион во листата на светски наследства во опасност. Од граѓанската организација „Фронт 21/42“ побараа Владата да донесе итна одлука за прогласување на вистински мораториум на секаква урбана и крајбрежна трансформација на територијата...

Заврши четвртото издание на Beach Film Festival, доделени филмските награди

Заврши четвртото издание на Beach Film Festival кој годинава се одржа на плажата Горица 3 на Охридското Езеро, но и уште на две локации во Охрид: бродот Армада и Музејско-културниот центар Лапидариум, каде што имаше проекции на кратки студентски филмови. Фестивалот траеше 5 дена, од 21 до 25 јули, и во неговата програма посетителите имаа можност да видат низа долгометражни...

УНЕСКО не го прогласи Охридскиот Регион за загрозено подрачје

Комисијата за светско наследство на УНЕСКО, денеска, на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и културното наследство на Охридскиот Регион да не биде впишано на Листата на светско наследство во опасност. Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ е незадоволна од ваквата одлука. Со оваа одлука, Северна Македонија и Албанија се обврзаа да донесат заеднички стратешки план...

Македонски и албански еколошки организации бараат Охрид да се прогласи за светско наследство во опасност

Македонски и албански еколошки организации апелираа до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, Охрид да се стави на листата на светски наследства во опасност. Екологистите од двете држави кои го делат Охридското езеро, но и грижата за природното и културното богатство, сметаат дека уништувањето на вредностите продолжува и по препораките и предупредувањата на Комитетот за итно спроведување на мерките...

Утре во Охрид почнува третото издание на Beach Film Festival што ќе трае до 25 јули

Во рамки на 4-то издание на Beach Film Festival, третиот EuropeanFilmChallenge-MК со европски филмови, ќе се реализира со уникатно филмско доживување на брегот на Охридското Езеро, соопштуваат организаторите. Од 14 јуни до 23 август, додека трае Европскиот филмски предизвик, учесниците треба да изгледаат 10 европски филмови на легална платформа, а за тоа време следува богата содржина со филмски критики, интервјуа,...

„Beach Film Festival“ ќе се одржи од 21 до 25 јули во Охрид

Со акустичниот концерт со Хана Корнети, на 21 јули, со почеток од 20:30 часот, започнува 4-тото издание на „Beach Film Festival“ во Охрид. На три локации во градот - плажата Горица 3, Лапидариумот и бродот Армада ќе се одвиваат планираните активности. Покрај филмските проекции на плажата Горица 3, во Лапидариумот ќе се одржи работилница за филмска критика. Планирано е да...

Од утре во Охрид рампи за влез во стариот дел на градот, дозволено движење само со картички

Од утре, 1 јули, за жителите и за туристите кои престојуваат во Охрид, ќе бидат ставени во функција рампите за влез и излез на возилата во стариот дел на градот. Моторните возила ќе можат непречено да сообраќаат, само ако поседуваат картичка за движење во овој дел од градот, информираат од Општина Охрид. Функционирањето на рампите ќе биде регулирано со...

Фестивалот „Ohrid Calling“ годинава ќе се одржи со ограничени капацитети

Ohrid Calling 2021
„Ohrid Calling“ годинава ќе се одржи како дводневен фестивал на 1 и 2 август под слоганот „Take your pleasure seriously“, соопштија од „Авалон продукција“ – организаторите на фестивалот. Од таму велат дека Охрид, Македонија и целиот регион ќе добијат сериозни артисти и забава прилагодена на околностите. Годинава фестивалот ќе се одржи со ограничени капацитети, а организаторите очекуваат најмногу до 5...

Фронт 21/42: Остранувањето на платформите во Охрид и Струга не го решава проблемот со дивоградбите

Отстранување на дел од привремените конструкции и опрема од плажите во Охрид и во Струга, не е спроведување на препораката за справување со дивоградбите, сметаат од граѓанската организација Фронт 21/42. Во јули 2017 година УНЕСКО побара да се стопира легализацијата во рамки на светското наследство и итно да се изработи Инвентар на сите дивоградби. Врз основа на Инвентарот требаше...

Георгиевски ги демантира менаџерите на „Куба Либре“: Истече времето на незаконско работење на плажите

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, целосно ги демантира тврдењата на адвокатите и на менаџерскиот тим на фирмата, поранешен концесионер на плажата „Куба Либре", дека не добила известување за отстранување на бесправните објекти во кои обавуваат угостителска дејност. Тој на својот фејсбук објави дека решението за отстранување на објектите е издадено уште во 2017 година, а последното известување за отстранување...

Земјотрес во Грција тресеше со 4 степени во Битола, Ресен, Охрид и Струга

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, вчеравечер регистрирала земјотрес, чиj епицентар се наоѓа 170 km јужно од Скопје во соседна Република Грција. Земјотресот се случи во 23.31 часот, а бил со локална Рихтерова магнитуда ML4.7. Според досегашните податоци, истиот е почуствуван во Битола, Ресен, Охрид, Струга со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, а во останатите...

Во Охрид, споменот на античкото минато и римскиот пат Вија Игнација страдаат од неквалитетна изработка

Слабиот квалитет на изработка со употреба на стиропор како замена за мермер, по кој се озлогласени градбите со антички мотиви од проектот „Скопје 2014“, го обременува и претставувањето на вистинското историското наследство надвор од главниот град. За разлика од Скопје, каде низа од градбите се поврзани со лица и случувања кои немаат директна врска со местото на поставување, Охрид (тогашен...

Туризмот на Охридско Езеро сериозно погоден од пандемијата, песимизам за закрепнување во текот на 2021 година

Туризмот е еден од најтешко погодените сектори од глобалната пандемија на ковид-19. Буџетот и економијата на градовите кои гравитираат околу Охридското Езеро беа директно погодени од рестриктивните мерки за спречување на ширењето на болеста. Бројот на туристи кои ја посетија Струга во 2020 година е половина од тоа во 2019 година. Поградец во соседна Албанија се соочува со истата...

Утре на „Часот на планетата Земја“ еден час во мрак ќе потонат неколку локации во Скопје и во Охрид

На 27 март, дванаесетта година по ред, Македонија се вклучува во одбележувањето на најголемата светска еколошка акција „Часот на планетата Земја“. Во 20:30 часот по локално време, еден час во мрак ќе потонат и над 180 земји и 7.000 градови ширум светот. Акцијата ќе патува низ часовните зони и милиони луѓе ширум светот виртуелно ќе се обединат во испраќање...

Владата бара од Општина Охрид да ги стопира градежните работи кај ресторанот „Парк-Горица“

На синоќешната седница Владата донесе заклучок според кој, Општина Охрид треба да ги превенира градежните работи на локацијата на поранешниот ресторан „Парк-Горица“, додека не се утврди фактичката состојба од стручна комисија на Министерството за транспорт и врски. Комисијата треба да изврши увид во процесот на издавање/спроведување на одобрението за градење на оваа локација кај поранешниот ресторан „Парк-Горица“ и за...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...