„Beach Film Festival“ ќе се одржи од 21 до 25 јули во Охрид

Со акустичниот концерт со Хана Корнети, на 21 јули, со почеток од 20:30 часот, започнува 4-тото издание на „Beach Film Festival“ во Охрид. На три локации во градот – плажата Горица 3, Лапидариумот и бродот Армада ќе се одвиваат планираните активности. Покрај филмските проекции на плажата Горица 3, во Лапидариумот ќе се одржи работилница за филмска критика.

Планирано е да се одржат и музички настани со ди-џеите Хана Корнети, Хамбар, Емили Јањиќ, Андреј Татарчевски, Мартина Пенева и Никола Лошковски. Целата програма со селектираните филмови за предвидените проекции може да се види овде.

Влезот на „Beach Film Festival“ во Охрид е слободен, а петте фестивалски денови ќе завршат со доделувањето на наградите за филмските остварувања на 25 јули, со почеток од 21 часот, на плажата Горица 3.