fbpx

Вистиномер: Во Охрид не е изградена ниту една катна гаража

-

На 24 април 2019 година во предизборната кампања, Константин Георгиески како кандидат за градоначалник на Охрид вети изградба на две катни гаражи.

Константин Георгиески, кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ, во соопштение до јавноста вели дека години наназад Охрид се соочува со недостиг на соодветен број на слободни паркинг места во шпицот на туристичката сезона, но и со недостиг на паркинг простор во урбаната зона, во текот на целата година што ја наметнува потребата од изградба на современи Катни гаражи. Георгиески информира дека во тек е подготовка Физибилити студија за изградба на Катна гаража на предвидената локација во близина на Градскиот пазар. Исто така во согласност со урбнистичките планирања предвидена е и изградба на Катна гаража и на просторот во близина на Спортско Рекреативниот Центар „Билјанини Извори“ на улицата АСНОМ.

[Извор: Телевизија ТВМ; датум: април 2019 година]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ова ветување на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески може да се оцени како неисполнето.  Главниот туристички центар во земјава сè уште нема ниедна катна гаража, пишува Вистиномер.мк.

Имено, од  општината информираат дека  започнале со реализација на проектот уште во ноември 2019 година. Изработиле идејно решение и физибилити студија за изградба на катна гаража и започнал процес на експропријација на земјиштето на локацијата кај градскиот пазар.

На 2 ноември 2019 година градоначалникот повторно најави дека Охрид ќе ја добие првата катна гаража.

Физибилити студијата е готова, гаражата ќе се гради по пат на јавно приватно партнерство.

За да се изгради катната гаража се работи на експропријација а потоа ќе се пристапи кон оглас за јавно приватно партнерство. Физибилити студијата за гаражата е веќе завршена и сметаме дека јавното приватно партнерство е најповолен начин. Ќе ја завржиме постапката за експропријација на тие деведесет квадрати земјиште и да го објавиме огласот, изјави градоначалникот Константин Георгиески.

После година и половина, на 7 мај 2021 градоначалникот во емисијата „Прашалник“ образложи дека катната гаража како капитален проект е закочена поради Планот за управување со Охридскиот регион, заедно со уште два капитални проекти кејот и марината.

Проектот катната гаража на пет ката во градскиот пазар засега не може да се реализира. Проектот е изработен и чини 4 милиони денари, но спорна е висината на објектот.

 Тоа е одличен проект на околу 8 000 квадрати ќе биде катната гаража согласно ДУП е П плус 5 но тука имаме проблем со Планот за управување. Проблемот со катната гаража е што согласно планот за управување тука е предвидено П плус 2, а ние имаме објект од јавен интерес. Се надевам ќе имаат слух надлежните во Управата за културно наследство , образложи  Георгиески.

Во моментов се чека дозвола од Управата за заштита на културното наследство, за да продолжи тој проект. Доколку се добие одобрение ќе биде објавен оглас за јавно приватно партнерство и ќе може да се изгради првата катна гаража, информираат од општина Охрид.

Факт е дека имало обид за реализација на проектот, формално правни препреки, но исто така факт е дека до денес не е изградена ниедна катна гаража во Охрид. Со оглед на состојбите таа не може да биде изградена ниту до крајот на мандатот на градоначaлникот Георгиески. Затоа ова ветување го оценуваме како неисполнето.

Инаку, Георгиески беше избран за градоначалник на Охрид во мај 2019 година, откако претходинот градоначалник Јован Стојаноски, ненадејно почина. Георгиески, пред да биде избран на оваа позиција речиси пет месеци ја вршеше функцијата в.д. градоначалник на Охрид.

 

Оцени: Соња Рилковска

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...