Земјотрес во Грција тресеше со 4 степени во Битола, Ресен, Охрид и Струга

Фото: Shefali Lincoln на Unsplash

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, вчеравечер регистрирала земјотрес, чиj епицентар се наоѓа 170 km јужно од Скопје во соседна Република Грција.

Земјотресот се случи во 23.31 часот, а бил со локална Рихтерова магнитуда ML4.7. Според досегашните податоци, истиот е почуствуван во Битола, Ресен, Охрид, Струга со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, а во останатите делови на територијата на Македонија со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.