недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: земјотрес | 477 резултати

Земјотрес со јачина од 7,5 степени ја погоди североисточна Јапонија, десетици повредени

декември 9, 2025

Властите предупредија дека во наредните денови може да се случи посилен потрес, повикувајќи ја јавноста да остане во состојба на висока готовност најмалку една недела

Земјотрес ја погоди Турција, повредени над 20 лица

октомври 28, 2025

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени синоќа ја погоди западна Турција, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ). По него следувале десетици нови потреси од кои најсилниот бил 4,4 степени. Локалните власти соопштуваат дека над 20 лица се повредени, но засега не јавуваат за жртви. Срушени се повеќе објекти во округот Синдирги, а има […]

Силен земјотрес ги погоди Филипини, издадено предупредување за цунами

октомври 10, 2025

Силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени денеска го погоди крајбрежјето на јужните Филипини, соопшти нејзината сеизмолошка агенција, при што беа издадени предупредувања за цунами во неколку земји, а луѓето во блиските крајбрежни области беа повикани да се преселат во внатрешноста или на повисоки места. Беше предупредно и за последователни потреси од земјотресот, кој се […]

Земјотрес со јачина од 6,9 степени одзеде над шеесет животи во централниот дел од Филипините

октомври 1, 2025

Силен земјотрес го погоди централниот дел од Филипините доцна во вторникот, при што загинаа најмалку 60 лица и сериозно беа оштетени зградите и инфраструктурата во блиските градови, пренесува Си-Ен-Ен. Плиток земјотрес со магнитуда од 6,9 степени се случи околу 22 часот по локално време, веднаш западно од Паломпон и близу до градот Бого во покраината […]

Земјотрес од 5 степени според Рихтер во Грција, почувствуван и во земјава

септември 22, 2025

Земјотрес со епицентар во Грција, со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, бил почуствуван и во југоисточните делови од Републиката, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот се случил утринава после 3 часот, на 290 километри југоисточно од Скопје, во близина […]

Силен земјотрес во близина на грчкиот остров Евија

септември 9, 2025

Силен земјотрес, првично измерен на 5,2 степени според Рихтеровата скала, се случи кратко пред 00:30 часот во Грција, предизвикувајќи тревога во регионите на Евија и Атика. Геодинамичкиот институт го посочи епицентарот во морето на 5 километри западно-северозападно од Стира на длабочина од 13,6 километри. Главниот потрес беше проследен со серија помали последователни потреси, вклучувајќи два […]

Синоќа почувствуван земјотрес во Кичево

септември 7, 2025

Земјотрес со јачина од 3 степени бил почувствуван синоќа во Кичево, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. „Вчера во 20 часот и 39 минути регистриран е земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Кичево, 75 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот […]

Утрово е почувствуван земјотрес на територија на Валандово и Струмица

септември 6, 2025

Според најновите информации од телеметриската сеизмолошка мрежа на РСМ, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје, ноќва во 02 часот и 13 минути, регистиран бил земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 116 км југоисточно од Скопје. Според Рихтеровата локална магнитуда се работи за […]

Втор земјотрес во Авганистан, дел од загинатите се погребуваат на планина, оти патиштата се затрупани

септември 3, 2025

Втор земјотрес со магнитуда од 5,5 степени го потресе југоисточен Авганистан во вторникот, предизвикувајќи страв од нови штети и уништувања, два дена откако голем земјотрес во истиот регион уби повеќе од 1.400 луѓе и повреди илјадници други. Тоа беше еден од најлошите земјотреси во Авганистан во последните години, срамнувајќи ги со земја куќи во повеќе […]

Земјотрес во Авганистан однесе над 1.400 животи, Талибанците апелираат за помош

септември 2, 2025

Талибанците упатија повик за меѓународна помош додека Авганистан се соочува со последиците од земјотрес кој однесе над 1.400 животи и остави илјадници повредени, пренесува „Гардијан“. Спасувачките екипи вчера до доцна во ноќта, трагале по преживеани откако земјотресот со јачина од 6 степени ја погоди источната провинција Кунар, која се граничи со Пакистан, уништувајќи цели села. […]

Земјотресот во Авганистан однесе над 800 животи, талибанската управа бара светот да помогне

септември 2, 2025

Во еден од најлошите земјотреси во Авганистан загинаа повеќе од 800 луѓе, а најмалку 2.800 беа повредени, соопштија властите во понеделник, додека спасувачите се мачеа да стигнат до оддалечените области поради грубиот планински терен и лошите временски услови. Катастрофата дополнително ќе ги оптовари ресурсите на талибанската администрација во оваа земја, која веќе се бори со […]

Повеќе од 600 загинати и илјадници повредени во силен земјотрес во Авганистан

септември 1, 2025

Најмалку 622 лица загинаа, а повеќе од 1.500 се повредени по разорниот земјотрес со јачина од 6 степени што го погоди Авганистан соопшти утринава талибанското Министерство за внатрешни работи Земјотресот се случил во неделата пред полноќ во планинската провинција Кунар, со епицентар 27 километри североисточно од градот Џалалабад во соседната провинција Нангархар, соопшти Американската геолошка служба […]

Земјотрес од 6,1 степен ја погоди северозападна Турција

август 11, 2025

Едно лице загина, а најмалку 29 се повредени откако земјотрес со јачина од 6,1 степен ја погоди северозападната турска провинција Баликешир во неделата вечерта, соопштија властите. Како што пренесе Би-Би-Си, министерот за внатрешни работи Али Јерликаја информирал дека 81-годишна жена починала кратко откако била извлечена од урнатините во градот Синдрги. Потресот урнал 16 згради, а […]

Првите бранови го погодија Хаваи откако силниот земјотрес во Русија предизвика предупредувања за цунами низ Јапонија и САД

јули 30, 2025

Силен земјотрес со магнитуда од 8,8 степени по Рихтер во близина на рускиот Далечен Источен Полуостров Камчатка предизвика цунами бранови до 5 метри (16 стапки) и доведе до наредби за евакуација на Хаваи и низ целиот Пацифик, пренесува Ројтерс. Плиткиот земјотрес оштети згради и повреди неколку луѓе во оддалечениот руски регион, додека на поголемиот дел […]

Шеесет и две години од катастрофалниот земјотрес што го разурна Скопје

јули 26, 2025

Потресот се случил точно во 5 часот и 17 минути наутро на 26 јули 1963 година, траел околу 20 секунди и достигнал интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала. И оние скопјани што веќе биле будни, како и тие што сè уште спиеле се соочиле со застрашувачко искуство. Градот буквално се нишал додека зградите паѓале. […]

Земјотрес ги погоди Валандово и Струмица

јули 7, 2025

Земјотрес со јачина од 3 степени го погоди регионот на Струмица и на Валандво, соопштија во Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје . „Телеметриската сеизмолошка мрежа, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, денеска во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 123 км југоисточно од Скопје, […]

Почувствуван земјотрес во Валандово

јуни 29, 2025

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија. „Телеметриската сеизмолошка мрежа на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 5 часот и 54 минути регистрираше земјотрес […]

Почувствуван е нов земјотрес во околината на Охрид

јуни 25, 2025

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Рано утринава во околу 4 часот регистриран е земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, 115 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 2.4 степени. Според досегашните податоци со кои располага […]

Земјотрес од 2,4 степени ноќеска почувствуван во Охрид и околината

јуни 21, 2025

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, преку сеизмолошките станици инсталирани ширум земјата и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска регистрираше земјотрес. Земјотресот е забележан веднаш по полноќ, во 00 часот и 33 минути, со епицентар во пограничното подрачје со Република Албанија, во јужниот дел на Охридско Езеро, на околу 120 […]

Почувствувани нови земјотреси во Охрид и околината

јуни 17, 2025

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, веднаш после полноќ во 00 часот и 48 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 102 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 2.5. Според досегашните податоци […]

Страна 1 од 24