fbpx
Таг: ЕУ

таг: ЕУ

Од 2035 година ЕУ воведува данок на CO2 и забранува продажба на возила со дизел и бензински мотори

Европската комисија минатата недела го усвои пакетот од предлог закони што ќе предизвикаат намалување на емисијата на стакленички гасови на ниво на ЕУ за 55 проценти до 2030 година, споредено со емисиите од 1990 година. Предлозите се однесуваат на климатските промени, енергетиката, користењето на земјиштето и земјоделството, транспортот и политиката на оданочувањето, се наведува во официјалното соопштение на Европската...

Кластерот 6. Надворешните односи – политиката и трговијата заедно

Последен, барем по редослед, е кластерот со најмалку поглавја – само две: Надворешни односи Заедничка надворешна безбедносна и одбранбена политика Насловот на Поглавјето 30 е збунувачки, зашто во него не се работи за целината на надворешните односи на државата, туку за трговските односи. Специфично е што трговските односи со трети земји во ЕУ се целосно во надлежност на ЕУ, и тоа...

Османи: Словенечкото претседателство со ЕУ ќе ја реафирмира европската перспектива на земјите од Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска се обрати на заедничката седница на Комисијата за европски прашања и на Националниот совет за евроинтеграции на која беа презентирани Програмата и Приоритетите на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ. „Преземањето на водството со Советот на ЕУ, од страна на Словенија доаѓа во многу важно време за самата ЕУ која продолжува да се...

Скопје испадна од трката за Зелена престолнина на Европа во 2023 година

Македонскиот главен град Скопје, заедно со Белград и Загреб, испаднаа од трката за Зелена престолнина на Европа во 2023 година. Во финалниот избор влегоа градовите Хелсинборг (Шведска), Краков (Полска), Софија (Бугарија) и Талин (Естонија), информираат од Европската Комисија. Четирите европски града во последната фаза ќе имаат за задача да го убедат меѓународното жири дека се сериозно посветени на одржливиот урбан...

Османи ја собра европската дипломатска мрежа на амбасадорски состанок

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска одржа вонреден тематски работен состанок со Амбасадорите акредитирани во земјите членки на ЕУ и институциите поврзани со ЕУ, информираат од Министерство за надворешни работи. Состанокот се одржа на самиот почеток на словенечкото претседателство со ЕУ, што беше и главна тема на состанокот. „Следниот период, идните дипломатските делувања во однос на заокружувањето на нашето европско...

Македонија на европското дно според процентот на прочистување на отпадните води [инфографик]

Македонија, заедно со Србија и Косово, се наоѓаат на европското дно според процентот на население кое има пристап барем до секундарен третман на урбаните отпадни води, покажуваат податоците на Евростат и на Државниот завод за статистика. Во 2018 година, само 21,7 отсто од урбаните отпадни води во нашата земја биле подложни на пречистување пред да се испуштат во реките,...

Кластерот 5. Ресурси, земјоделство и кохезија – по логиката на парите: Имаме и добри примери

Нема двоумење како се нашле заедно поглавјата содржани во овој кластер. Нивни заеднички именител се парите – оние што државата пристапничка би требало да ги користи од ЕУ, но и оние што треба да ги придонесува во ЕУ. Поглавјата 11, 12, и 13 се однесуваат на земјоделството, рибарството и безбедноста на храната, додека поглавјето 22 се однесува на користењето на...

Рестрикции на вода за пиење во некои општини, рушиме европски рекорди во загуби на вода [инфографик]

Рестрикции на вода за пиење во траење од неколку часа во цели населени места и незадоволство од граѓаните, како и апели од јавните комунални претпријатија за рационално користење на водата за пиење. Ова е сликата во делот на водоснабдувањето низ дел од македонските општини во изминативе недели на високи температури и сушно време. Клучната причина за проблемите со водоснабдувањето во...

Самит на Берлинскиот процес: Меркел изненадена од бугарската блокада, ЕУ останува посветена на проширувањето

Дури 64 заклучоци донесе Самитот на Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес што се одржа вчера по пат на видеоконференциска врска. Заеднички регионален пазар, економски и инвестициски план, зелена агенда, одговори на ковид-19 пандемијата, безбедност, миграција, мало наоружување и лесно оружје, помирување, исчезнати лица, интеграција на Ромите, младите и политики поврзани со младите, тинк-тенк и граѓанско општество, образование,...

Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е приоритет на словенечкото претседателство, истакнаа Пахор и Логар

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан е геополитичко прашање од највисок приоритет, истакна денеска претседателот на Република Словенија, Борут Пахор на маргините на Преспанскиот форум за дијалог. Тој порача дека од една страна, земјите од Западен Балкан треба да го забрзаат темпото на реформските мерки, а од друга страна пак, побрзото проширување е суштински и витален интерес...

Пендаровски-Рикер: Натамошното јакнење на стратешкото партнерство е во интерес на двете земји

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Вила Билјана во Охрид го прими Филип Рикер, вршител на должноста помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања. На средбата било разговарано за остварувањето на надворешно-политичките приоритети на Република Северна Македонија, за унапредување на односите со САД, за интеграцијата во ЕУ, како и за актуелните состојби во регионот. Соговорниците ги потврдиле партнерските односи...

Милановиќ и Пендаровски со остри критики: Што би било Хрватска да ги оспорува црногорскиот или босанскиот јазик?

Голем број критики кон однесувањето на Бугарија, но и кон португалската државна секретарка за европски прашања, Ана Паула Закариаш, која изјави дека македонскиот некогаш бил дел од бугарскиот јазик, но и кон однесувањето на еврокомесарот Оливер Вархеји во однос на македонското прашање и спорот на земјава со Бугарија упати хрватскиот претседател Зоран Милановиќ по средбата со својот македонски колега...

Вучиќ, Рама и Заев со заедничка изјава: Остануваме уште попосветени на нашиот пат кон ЕУ

Во рамките на иницијативата за засилена регионална соработка, претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Албанија Еди Рама и премиерот Северна Македонија Зоран Заев, денеска одржаа работна средба преку интернет конференциска врска на која ја утврдија трипартитната, односно заедничката изјава „Европски Западен Балкан“, соопшти Службата за односи со јавноста на Владата на РСМ. Постојаниот неуспех на ЕУ да ги исполни...

Поради временски непогоди, Владата во просек годишно им исплаќа по 3,5 милиони евра на земјоделците

Климатските промени се наметнуваат како сериозна закана за земјоделското производство во земјава. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Комисијата за штети при Владата на РСМ во просек годишно исплаќаат по 3,5 милиони евра на земјоделците на основ на штети од временски непогоди, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Долгите топлотни бранови и долготрајните суши, градот...

В понеделник ќе се одржи онлајн конференцијата „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“

Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“ в понеделник (28 јуни) ја организираат конференцијата на тема „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“, која ќе се одржи преку Зум, со симултан превод меѓу македонски, албански и англиски јазик. На конференцијата, која ќе започне од 11 часот, ќе учествуваат носители на одлуки, експерти, активисти, новинари, функционери од земјата и странство кои ќе ги...

Советот на Амбасадори смета дека блокадата на Бугарија е една од повеќето неправди на патот кон ЕУ

Советот на Амбасадори со големо разочарување ја прими одлуката на Советот за општи работи на Европската Унија да не препорача одржување на првата меѓувлaдина конференција меѓу Република Северна Македонија и ЕУ поради натамошното силно и неразбирливо спротивставување на само една земја членка на Унијата, соседна Република Бугарија, соопштуваат од таму. Советот смета дека ова е една од повеќето неправди што...

Конференција за Југославија: Во некои аспекти, за жал се уназадивме

Поранешна Југославија, погледната од дистанца од 30 години, во некои аспекти нудеше многу повеќе отколку што може да се постигне денес во државите што произлегоа од неа. Покрај економската моќ, еден битен аспект е состојбата со правата на малцинствата, посебно на Ромите, кои имаа многу повеќе права и беа поизедначени како граѓани со сите останати, отколку што е тоа...

Македонскиот национален идентитет едноставно е невозможно да биде предмет на преговори, вели Заев

Европските интеграции не смеат да бидат заложник на билатерални прашања, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил. „Преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија. Нашиот напредок во ЕУ интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнување на европските стандарди. Европските лидери мора сериозно да земат предвид дека...

По вчерашното бугарско вето, Заев и Рама на средба во Скопје: ЕУ потфрли да донесе вистинска одлука

Премиерот Зоран Заев и неговиот албански колега Еди Рама денеска, на маргините на Првиот Економски Форум во Скопје, имаа заедничка изјава на која го презентираа заедничкиот став за одлуката на Советот за општи работи на ЕУ да не одобри преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија. „Денес Европа има проблем. Големата, визионерска идеја за обединета Европа денес има проблем, а...

ЕУ и Совет на Европа: Ковид пандемијата ја зголеми трговијата со деца во земјите од Западен Балкан

Трговијата со деца во земјите од Западен Балкан е во пораст. Пандемијата на ковид-19 направи децата да бидат уште поизложени на трговија поради растечката економска несигурност, невработеноста и ограничувањата на движењето. Тие се предмет на трговија поради различни причини на експлоатација: сексуална, вклучително и продуцирање и дистрибуција на материјал со сексуална злоупотреба, присилни бракови, питачење и криминални активности, како...

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...