fbpx
Таг: ЕУ

таг: ЕУ

Македонскиот национален идентитет едноставно е невозможно да биде предмет на преговори, вели Заев

Европските интеграции не смеат да бидат заложник на билатерални прашања, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил. „Преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија. Нашиот напредок во ЕУ интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнување на европските стандарди. Европските лидери мора сериозно да земат предвид дека...

По вчерашното бугарско вето, Заев и Рама на средба во Скопје: ЕУ потфрли да донесе вистинска одлука

Премиерот Зоран Заев и неговиот албански колега Еди Рама денеска, на маргините на Првиот Економски Форум во Скопје, имаа заедничка изјава на која го презентираа заедничкиот став за одлуката на Советот за општи работи на ЕУ да не одобри преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија. „Денес Европа има проблем. Големата, визионерска идеја за обединета Европа денес има проблем, а...

ЕУ и Совет на Европа: Ковид пандемијата ја зголеми трговијата со деца во земјите од Западен Балкан

Трговијата со деца во земјите од Западен Балкан е во пораст. Пандемијата на ковид-19 направи децата да бидат уште поизложени на трговија поради растечката економска несигурност, невработеноста и ограничувањата на движењето. Тие се предмет на трговија поради различни причини на експлоатација: сексуална, вклучително и продуцирање и дистрибуција на материјал со сексуална злоупотреба, присилни бракови, питачење и криминални активности, како...

Реакции на разочарување откако ЕУ повторно не ја усвои преговарачката рамка

По вчерашната одлука на Министерскиот совет на ЕУ да не ги отпочне преговорите за зачленување на Северна Македонија и Албанија, пристигнуваат првите реакции на бугарското вето коешто вчера беше потврдено за земјава. Американската амбасадорка во Скопје, Кејт Мери Брнз денеска ја сподели разочараноста на САД што земјите-членки на ЕУ не успеаја да ја усвојат преговарачката рамка. Амбасадорката Брнз рече дека...

Бугарија денеска останала на ставот дека Северна Македонија не треба да ги почне преговорите со ЕУ

Како што веќе најави бугарската техничка влада и претседателот Румен Радев, Бугарија останува на ветото за Северна Македонија за отпочнување на преговорите со ЕУ. Бугарската блокада за одржување на првата Меѓувладина конференција со нашата земја доаѓа и покрај тоа што останатите земји-членки на ЕУ сметаат дека Северна Македонија и Албанија треба да ги отпочнат преговорите со ЕУ. Бугарија на...

Османи-Линде: Северна Македонија покажува голема сериозност и посветеност во меѓународните односи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, оствари средба со актуелниот претседавач со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Кралството Шведска, Ан Линде. На средбата главна тема на дискусија беа активностите во рамките на ОБСЕ, актуелното претседавање на Шведска со организацијата и претстојното претседавање на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година. „Споделуваме исти заложби и вредности и во тој...

Министерскиот совет на ЕУ во Луксембург одлучува за почеток на преговорите со Северна Македонија

Министрите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ денеска во Луксембург на Советот за општи работи на ЕУ треба да одлучат за одржувањето на првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија, односно дали овие две земји од Западен Балкан ќе ги отпочнат преговорите за зачленување со ЕУ. Германскиот државен министер за Европа Михаел Рот изјави дека потребните одлуки се...

Кластер 4: Зелена агенда и одржлива поврзаност – Актуелно, но дали и приоритетно?

„Зелените“ приоритети одамна се на врвот на приоритетите на Европската Унија, што само е потврдено и за овој мандат на највисоките тела на ЕУ (2019-2024 година). Со годините се развиваа и надоградуваа мноштво политики и законодавство, кои  се меѓу најтешките за спроведување – особено во областа на заштитата на животната средина, а бараат и значителни инвестиции. Ова е кластер со...

Заев-Пина: Силна поддршка од Португалија за европерспективите на Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев се сретна со Марија Виржиња Пина, амбасадорката на Португалија за нашата држава, информираат од Влада. На состанокот била пренесена силна поддршка од Португалија и од португалското претседателство за европерспективите на нашата држава. „Соопштено е дека Португалија, како држава којашто гради мостови, посебно ги почитува политиките на премиерот Заев и на Владата - на создавање решенија, наместо проблеми....

ЕУ ја стави Македонија на листата на „безбедни земји“ од ковид-19, чии што граѓани слободно ќе може да патуваат

Амбасадорите на земјите членки на Европската унија донеле одлука Северна Македонија, Србија и Албанија да бидат ставени на листата на безбедни земји за ковид-19, и оттука, нивните жители слободно ќе може да патуваат во ЕУ. Покрај земјите од Западен Балкан, на списокот се и САД, Хонг Конг, Макао, Саудиска Арабија и Тајван. ЕУ секои две недели расправа за епидемиолошката ситуација во...

ЕУ бара да ги исполниме обврските, Владата Законот за клима планира да го донесе до крајот на годинава

Во 2021 година, Северна Македонија се охрабрува значително да ги засили амбициите кон спроведување на Парискиот договор за климатски промени, да ги донесе Законот за клима и Сеопфатната стратегија за климатска акција во согласност со Рамката на ЕУ 2030, како и да развие Национален план за енергетика и клима, се задолженијата кои ги добија македонските власти од Европската Комисија...

Макрон: Северна Македонија заслужува да ги отпочне преговорите за членство во ЕУ без одложување

Претседателот на Франција Емануел Макрон на вчерашниот состанок во Елисејската палата со премиерот Зоран Заев истакнал дека С. Македонија заслужува да ги отпочне преговорите без одложување и дека тој е лично вклучен во изнаоѓање решение за спорот со Бугарија. Макрон во својата изјава го истакна напредокот на Северна Македонија кој, според него, е исклучителен. „Европската Унија донесе одлука уште во март...

Заев од Тирана: Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан го поддржува закрепнувањето на регионот

„Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан го поддржува долгорочното економско закрепнување на регионот, истовремено поттикнувајќи регионална интеграција. Имплементацијата на Планот ќе ја стимулира економската активност, ќе ги зголеми инвестициите и на јавниот и на приватниот сектор, ќе ги зајакне конкурентноста и иновациите, особено на малите и средни компании“, истакна премиерот Заев во своето обраќање на Самитот...

Кластер 2: Внатрешен пазар – крајно време за враќање во фокусот

Внатрешниот пазар на ЕУ главниот проект и сржта на Европската унија од нејзинотo основање. Првата фаза, чија цел беше „да се отстранат трговските бариери меѓу земјите-членки со цел да се зголеми економскиот просперитет и да се придонесе кон „сè поблиска унија меѓу народите во Европа“, е завршена во 70-те години од минатиот век. Во втората фаза, која започна во...

Заев за „Еуроњуз Албанија“: Mултиетничките општества може да бидат голема предност, поука и пример за сите други земји

„Ако испорачуваме и Европа мора да испорачува, затоа првата порака е таа – да продолжат процесите заради тоа што во спротивно се развиваат нон пејпери и дискусии за нови етнички граници, нови граници на држави. А тоа, знаат и децата, е можно само со пушки и со оружје. Не нѝ треба тоа, 21 век е“, вели премиерот Заев во...

Османи на состанок на министрите за надворешни работи од ЕУ: Поминавме долг пат

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи смета дека „поминавме долг пат“ и постигнавме значајни резултати во меѓусебната соработка во рамки на германското претседателство со Берлинскиот процес за 2021 година. Османи учествуваше на денешниот состанок на министрите за надворешни работи со кој претседаваше германскиот министер, Хајко Мас. На средбата се дискутирале актуелни прашања поврзани со европската перспектива на Регионот во пресрет...

Возовите се најеколошкиот начин на транспорт, но најмалку ги користиме [инфографик]

Железничкиот транспорт е убедливо најмалку користен вид на транспорт во земјава, иако е најеколошко средство за превоз на патници. Покрај автомобилите, кои граѓаните на С.Македонија ги користат за најголем дел од своите патувања, патниот превоз со автобуси е најупотребуваното средство за транспорт. Со автобуси, вклучувајќи го градско-приградскиот, меѓуградскиот и меѓународниот превоз, лани патувале 43.457.000 патници. Такси превозот е исто така...

Европската Унија предложи воведување на дигитален паричник за граѓаните на земјите-членки

дигитален паричник
Европската Унија го објави својот план кој ќе им овозможи на граѓаните да го докажат својот идентитет и да споделуваат електронски документи преку нов „дигитален паричник“ на нивните мобилни телефони. На овој начин европските граѓани ќе можат во електронска форма да ги складираат сите важни официјални документи за докажување на идентитетот, како пасоши, лични карти, здравствени легитимации, возачки дозволи, училишни...

Законот за дивоградби успеа два пати да дојде во Собрание, оние за управување со отпад чекаат половина година

Додека законот за легализација на дивоградбите успеа два пати во изминативе месеци да се најде на седница на Собранието на РСМ и Владата во последен момент го повлече на 29 мај, на власта и опозицијата во парламентот им треба повеќе од половина година за да го стават на дневен ред на собраниска седница сетот од шест закони за управување...

Министерство за финансии: Нови 180 милиони евра финансиска поддршка за надминување на кризата

Обезбедени се нови 180 милиони евра финансиска поддршка за надминување на кризата предизвикана од корона вирусот, од коишто 80 милиони евра се од ЕУ за фискален стимул за стопанството и граѓаните, и 100 милиони евра од Европската инвестициска банка за евтини кредити за мали и средни претпријатија, информираат од Министерство за финансии. „Денес е префрлена втората транша со износ од...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...