fbpx

Министерство за финансии: Нови 180 милиони евра финансиска поддршка за надминување на кризата

-

Обезбедени се нови 180 милиони евра финансиска поддршка за надминување на кризата предизвикана од корона вирусот, од коишто 80 милиони евра се од ЕУ за фискален стимул за стопанството и граѓаните, и 100 милиони евра од Европската инвестициска банка за евтини кредити за мали и средни претпријатија, информираат од Министерство за финансии.

„Денес е префрлена втората транша со износ од 80 милиони евра, од вкупно 160 милиони евра макрофинансиска помош од Европската Унија за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот. Исто така, денес Собранието го усвои законот за нови 100 милиони евра од Европската инвестициска банка за евтини кредити за мали и средни претпријатија, кои ќе се пласираат преку деловните банки,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека корпоративниот сектор има потреба од поддршка поради проблеми со ликвидноста и солвентноста во време на криза, особено кај контакт-интензивните индустрии.

„Новите финансиски средства треба да се донесат до инвеститорите преку различни механизми. На тој начин ќе се постигне повеќекратен позитивен ефект за економијата. Неопходно е да се продолжи со поддршката на фирмите за да може да продолжи заздравувањето на економијата,“ истакна Бесими во колумната „Фискален стимул за заздравување, забрзан економски раст и фискална консолидација“.

Во текот на овој месец треба да се потпише и финансискиот договор со ЕИБ за ставање во функција на овие 100 милиони евра евтини кредити наменети за финансирање мали и средни претпријатија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...