Фото: Lukas on Unsplash

Амбасадорите на земјите членки на Европската унија донеле одлука Северна Македонија, Србија и Албанија да бидат ставени на листата на безбедни земји за ковид-19, и оттука, нивните жители слободно ќе може да патуваат во ЕУ.

Покрај земјите од Западен Балкан, на списокот се и САД, Хонг Конг, Макао, Саудиска Арабија и Тајван.

ЕУ секои две недели расправа за епидемиолошката ситуација во секоја од таканаречените трети земји и се ажурира листата со оние држави за кои се смета дека се безбедни.

Но сепак, официјалната одлука на ЕУ треба да биде донесена во петок.