fbpx

Советот на Амбасадори смета дека блокадата на Бугарија е една од повеќето неправди на патот кон ЕУ

-

Советот на Амбасадори со големо разочарување ја прими одлуката на Советот за општи работи на Европската Унија да не препорача одржување на првата меѓувлaдина конференција меѓу Република Северна Македонија и ЕУ поради натамошното силно и неразбирливо спротивставување на само една земја членка на Унијата, соседна Република Бугарија, соопштуваат од таму.

Советот смета дека ова е една од повеќето неправди што ѝ се нанесени на нашата земја на нејзиниот пат кон евроинтеграциите од нејзиното осамостојување до денес, иако земјата секогаш ревносно ги исполнува поставените барања од Унијата во делот на реформите во многу области на живеењето.

„Советот жали што овој пат Македонија и нејзините досега стабилни добрососедски односи со Бугарија на непримерен начин станаа дел од предизборната кампања во оваа земја членка на Унијата преку барања кои беа во спротивност со европските вредности, стандарди и принципи на дејствување. Советот исто така смета дека институциите на ЕУ не треба да станат форум каде ќе се дебатира за историски прашања на народите туку место каде ќе се расправа за продлабочување на пријателството меѓу народите, сеопштиот економски, социјален и културен просперитет, успешната борба против меѓународниот тероризам и искоренување на пандемијата ковид-19. Советот на Амбасадори оценува дека многу пати повторената констатација на Комисијата на ЕУ дека на земјите на Западен Балкан местото им е во Унијата, без конкретни резултати, е неисполнување на очекуваните обврски на ЕУ со што се нарушува и кредибилитетот на Унијата,“ се додава во соопштението.

Советот оценува дека постои недостаток на соработка и големи разлики во ставови меѓу политичките чинители во земјата во однос на надминување на овој сериозен политички проблем и треба да се бараат посовремени начини на создавање на долгорочна стратегија на развој на добрососедските односи.

Советот на Амбасадори и во ова прилика ја изразува својата готовност да придонесе во осовременување на стратегијата за дијалог, бидејќи досегашната, како што велат од таму, по сите параметри не ги даде очекуваните резултати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...