fbpx

Столтенберг предупредува на руско влијание во Западен Балкан

Toj претходно, на прес-конференција со претседателката на Косово, Вјоса Османи, ја истакна важноста на стабилноста на Западен Балкан и го поздрави и новиот предлог-статут за формирање Заедница на општини со српско мнозинство

-

Со предупредување за руско влијание врз Западен Балкан, како и со пораки за деескалација на случувањата меѓу Косово и Србија, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтеберг ја одбележува тридневната турнеја. Тој денеска доаѓа во Скопје и утре ќе биде дел од неформалниот лидерски состанок на НАТО сојузниците од регионот.

Денеска од Приштина Столтенберг кажа дека НАТО останува на Косово.

„Ги искористивме нашите резервни сили веднаш за да го зголемиме нашето присуство по насилството во септември. Сега разгледуваме дали треба да имаме повеќе трајно зголемување за да се осигураме дека ова нема да излезе од контрола и да создаде нов насилен конфликт во Косово и во поширокиот регион. Во моментов ги рагледуваме прилагодувањата на нашето присуство и веќе имплементиравме итно зголемување на на НАТО во регионот“, рече Столтенберг.

Toj претходно, на прес-конференција со претседателката на Косово, Вјоса Османи, ја истакна важноста на стабилноста на Западен Балкан и го поздрави и новиот предлог-статут за формирање Заедница на општини со српско мнозинство.

„Воспоставувањето на Заедницата ќе биде клучен чекор кон нормализирање на односите и кон одржлив мир во регионот“, рече Столтенберг.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски попладнево ќе го пречека Столтенберг, кој доаѓа во официјална посета на земјава. Ова е прва негова посета откако државата е полноправна членка на НАТО.

Според агендата за официјалната посета на Столтенберг, веднаш по церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации.

Во составот на македонската делегација ќе бидат министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и амбасадорот на Северна Македонија во НАТО, Дане Талески.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...