fbpx

Шестмина ковид пациенти хоспитализирани на Инфективна, едно лице починало изминатава недела

Како што за мета информира Шабан Мемети, директорот на Институтот за јавно здравје, и во општата болница во Охрид има четворица хоспитализирани, од кои еден пациент е на кислородна поддршка

-

Шестмина пациенти кои се ковид позитивни, во моментов се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а од нив, четворица се на кислородна поддршка. Како што за Мета информира Шабан Мемети, директорот на Институтот за јавно здравје, во последнава недела и во општата болница во Охрид има четворица хоспитализирани, од кои еден пациент е на кислородна поддршка.

„Од вкупно направени 390 тестови заклучно со вчера, 43 биле позитивни“, наведено е во извештајот на ИЈЗ.

Мета пред пет дена пишуваше дека има раст на бројот на починати лица од ковид-19 во земјава. Според последниот билтен на ИЈЗ, во октомври 2023 година починале 11 лица од ковид-19, што е значителен раст во споредба со септември кога од ковид починале пет лица, како и од август кога имало само еден починат. Ова се официјални податоци од Институтот за јавно здравје, за кои епидемиолозите велат дека треба да претставуваат знак за предупредување за луѓето за почитување на превентивните мерки.

Мета.мк разговараше со епидемиологот д-р Александар Стојанов, кој е изненаден од високиот број на смртни случаи, бидејќи доминантниот сој дава лесни симптоми. Тој вели дека нема да штети ако луѓето внимаваат на себе, посебно овој период кога заладува.

„Висока бројка е 11 смртни случаи за само еден месец, со оглед на фактот дека овој сој не дава тешки симптоми и поминува лесно. Починатите лица најверојатно биле и со коморбидитети, а улога сигурно играла и возраста. Во Зрењанин ставиле забрана за посета на болницата, па сметам дека и ние не е на одмет ако сме малку на штрек. Ние во минатото за грип сме забранувале посети и сме препорачувале да се носи маска во автобус, во затворен простор. Овие месеци се такви и треба да се внимава“, смета д-р Стојанов.

Доминантен сој изминативе месеци е ерис. Најпрво стана доминантен во САД, па се прошири во Кина и Британија. Распространетоста на новиот сој расте, а симптомите најчесто се главоболка, рапав глас, болки во мускулите и изменето чувство за мирис. Според епидемиолозите, овој нов сој не треба да нè загрижува.

Заклучно со 31 октомври 2023 година, вакцинирани се вкупно 876.174 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 857.229 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина...