fbpx

САД со нова воена помош за Украина во висина од 325 милиони долари

Гардијан пишува дека украинскиот лидер овој пат добил многу поумерен прием отколку херојскиот пречек што му беше даден лани во американскиот Конгрес, но и генерално доби поволни коментари за следната пратка помош од САД, за која тој вели дека треба да го спречи поразот

-

„Доколку не добиеме помош, ќе ја загубиме војната“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на САД. Американските власти одлучија на Украина да ѝ доделат нова воена помош во висина од 325 милиони долари, пренесува Гардијан.

Сепак, како што пишува британскиот весник, се поставуваат и прашања за текот на американските долари кон Украина, односно како тие во изминативе 19 месеци успеаја да помогнат во борбата на украинските сили против руската војска. Гардијан пишува дека украинскиот лидер овој пат добил многу поумерен прием отколку херојскиот пречек што му беше даден лани во американскиот Конгрес, но и генерално добил поволни коментари за следната пратка помош од САД, за која тој вели дека треба да го спречи поразот.

Зеленски дојде во Капитол со цврста порака на разговорите што ги водеше со републиканските и демократските лидери: Украинците имаат солиден воен план и „тие победуваат“. И претседателот Џо Бајден го прими Зеленски во Белата куќа, но и јасно ја истакна својата загриженост што ја има и американскиот Конгрес.

Инаку, проблем во најава за Украина може да биде порастот на противењето за континуирано финансирање на Украина од фракцијата републикански конгресмени, кои во голема мера се усогласени со партискиот претседателски фаворит Доналд Трамп. Ваквото противење е можна закана за идната финансиска помош од САД за Украина.

Во Украина продолжуваат руските напади. Херсонскиот регион во изминативе 24 часа беше нападнат со ракети во 82 наврати, при што загинаа седум лица и 12 биле повредени, пренесува Укринформ. 

Најмалку 21 цивил биле повредени во руското ракетирање на населени места во Донецкиот регион изминатово деноноќие, додека ракетни напади имало и врз регионот Суми во североисточниот дел на Украина. Во три наврати од руските сили бил ракетиран и Днипропетровскиот регион, при што најпогоден од нападите бил градот Никопол. Ракетни напади се регистрирани и во две населени места во регионот Миколаив, пренесува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...