fbpx

Германските гласачи се вртат кон десно, открива ново истражување

Последното истражување објавено во четвртокот откри дека бројот на Германци со радикално десничарски погледи сега е 8,3 отсто, што е значаен пораст за 2 до 3 проценти во споредба со претходните години

-

Ново истражување открива дека радикално десничарските екстремистички ставови нагло се зголемиле во Германија од 2021 година до денес. Во истражувањето се тврди дека сега на 12 возрасни Германци еден има екстремно десничарски погледи, пишува германската новинска агенција ДПА. 

Истражувањето спроведено од Универзитетот Билефелд беше објавено од германската фондација Фридрих Еберт, која е поврзана со центро-левичарската Социјалдемократска партија на Германија.

Оваа анкета се спроведува на секои две години и ги истражува радикално десничарските ставови меѓу германските гласачи.

Последното истражување објавено во четвртокот откри дека бројот на Германци со радикално десничарски погледи сега е 8,3 отсто, што е значаен пораст за 2 до 3 проценти во споредба со претходните години.

Авторите на истражувањето велат дека екстремно радикалните десничарски ставови ги откриле низ различниот политички спектар, а не само помеѓу поддржувачите на радикално десничарските политичари.

„Помеѓу оние кои јасно се позиционираат себеси како левичари, постојат повеќе луѓе кои споделуваат воспоставен радикално екстремистички светоглед (12 отсто) во споредба со оние од политичкиот центар (7 отсто)“, забележуваат истражувачите предводени од социјалниот психолог Андреас Зик.

Телефонската анкета спроведена меѓу 2 јануари и 28 февруари 2023 година од Институтот УАДС опфаќа примерок од 2.027 лица, кои биле прашани да се позиционираат себеси како одговор на различни изјави, како што е дали тие би поддржале диктатура.

Авторите на студијата ги дефинираат главните карактеристики на десничарскиот екстремизам како идеологија на нееднаквост и насилство или одобрување на насилство за да се имплементира идеологијата.

И анкетите покажуваат слично придвижување кон десно на германските гласачи, при што радикално десничарската популистичка Алтернатива за Германија има нагорен тренд на поддршка, додека опаѓа рејтингот на социјалдемократите и зелените.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...