fbpx

Рекордни 1.192 нови случаи на ковид-19, 22 починати и 359 оздравени лица

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.211 тестирања, а регистрирани се 1.192 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-571, Куманово-63, Дебар-15, Штип-50, Прилеп-51, Тетово-87, Струга-10, Велес-42, Битола-43, Охрид-49, Кавадарци-15, Гостивар-40, Гевгелија-6, Струмица-36, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Крушево-6, Кочани-27, Пробиштип-14, Демир Хисар-5, Берово-1, Виница-7, Делчево-2, Кратово-3, Свети Николе-7, Кичево-22, Ресен-11, Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 359 оздравени пациенти од: Скопје-206, Куманово-15, Дебар-2, Штип-11, Прилеп-17, Тетово-11, Велес-3, Битола-9, Кавадарци-11, Гостивар-4, Гевгелија-4, Струмица-14, Радовиш-3, Кочани-27, Пробиштип-4, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-3, Свети Николе-1, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-4.

Починати се 22 лица, осум пациенти од Скопје (78, 78, 61, 60, 81, 70, 84 и 51г), двајца од Штип (80 и 80г), еден од Прилеп (65г), двајца од Тетово (41 и 66г), двајца од Велес (75 и 57г), двајца пациенти од Битола (71 и 66г) и двајца од Охрид (54 и 73г), еден пациент од Гостивар (72г), еден од Крушево (81г) и еден пациент од Пехчево (53г). Од нив, еден е починат вон, станатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 35.097, бројката на оздравени пациенти е 22.024, на починати е 1.071, а бројот на активни случаи изнесува 12.002.

Бројката на активни случаи на ковид-19 се зголемува и низ скопските општини, најмногу има во Аеродром 927, Карпош 805, Центар 762, Гази Баба 757, Кисела Вода 699.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...