fbpx

Регистрирани 115 нови случаи на ковид-19, починаа тројца а оздравеа 225 пациенти

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.825 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19. Институтот за јавно здравје регистрирал 225 оздравени пациенти, а починати се три лица – двајца пациенти од Скопје на 62 и 68 години и еден пациент од Струга на 68 години, сите во болнички услови. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.308,  бројката на оздравени пациенти е 9.977, на починати е 557, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.774.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти. Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, пет деца позитивни и едно дете суспектно на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се пет нови, вкупно хоспитализирани се 69 пациенти. На респираторна машина се четворица пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.