fbpx

По написот на „Мета“, БРО објави ново употребливо упатство за наставниците

-

Oткако „Мета“ објави дека e некорисно Упатството за најава и користење на системот за учење, надлежните во Бирото за развој на образованието (БРО) денеска ставија нова верзија на документот на нивната официјална веб-страница, која овојпат ќе им биде од поголема корист на наставниците кои се корисници на упатството. Новиот документ може да се најде и на македонската и на албанската верзија на сајтот на Бирото.

Некои наставници реагираа дека не можат да ги отворат линковите, како и дека фотографиите дадени во насоките, не им се од корист бидејќи не се читаше текстот во нив заради малата резолуција. Сега со новиот формат на документот, сега целиот пристап до онлајн курсот на тема “Реализација на наставата со користење на различни ИКТ средства за учење“, е значително олеснет. Скенираните примери се во боја, текстот јасно се чита, а линковите можат директно да се кликнат, наместо целото урл да се пишува знак по знак, како што беше до вчера.

Овој курс, надлежните во Бирото го креирале заради актуелната состојба со ковид-19, ќе мора да го проследат сите наставници во државата задолжително, а нашите училишта работат окоу 20.000 наставници. На крајот ќе добијат сертификати за истото.

Следејќи ги трендовите во образованието, БРО обезбедило систем за управување со учење со чија помош, како што велат оттаму, ќе треба да се следи и поддржува кариерниот и професионален развој на наставниците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...