fbpx

Рада Трајковиќ: Повеќе од 30 луѓе упаднале во манастирот Бањска, а има повеќе од тројца убиени

Трајковиќ појаснува дека ситуацијата е тешка поради тоа што целата вина е префрлена всушност на Србите од Косово, а одговори всушност треба да дојдат од Србија

-

По оружениот инцидент во селото и манастирот Бањска, на север од Митровица, во утринската програма на српската телевизија „Нова“, Рада Трајковиќ од Европското движење на Србите од Косово и Метохија, вели дека во ситуацијата КФОР и ЕУЛЕКС одиграле многу значајна улога, но и дека бројката на загинати од вооружената група, за коишто се претпоставува дека се Срби, е повеќе од тројца, како што беше соопштено.

Таква информација претпладнево изнесе и косовскиот министер за внатрешни работи.

Косовската полиција ја продолжи акцијата, а околу манастирот Бањска и понатаму се присутни припадници на безбедносните сили на Косово.

Ден на жалост во Косово, цел арсенал оружје најден во манастирот кај Бањска [фото]

Според Трајковиќ, околу 30 луѓе упаднале во манастирот, и притоа се обиделе да ја компромитираат Српската Православна Црква.

„Триесетина луѓе упаднале во манастирот Бањска и на тој начин се обиделе да ја компромитираат Српската Православна Црква (СПЦ), а тие луѓе и братството на манастирот немале избор. Тие не се прашувале за ништо, но за жал, ќе сносат одговорност, и поради кампањата на косовските медиуми под контрола на Албанците дека и тие се вмешани во сето тоа. Информација за којшто сите зборуваат и сите знаат е дека во манастирот имало 30 луѓе, но не знам зошто медиумите не известуваат за тоа. Сè е затворено и прилагодено на политиката на луѓето што се на власт во Белград и во Приштина, а реалната вистина е некаде кај меѓународната заедница, којашто молчи и работи на нешто моментално за да не дојде до поголема бројка жртви“, вели Трајковиќ, нагласувајќи дека е за осуда што е убиен косовски полицаец.

Таа вели дека според албански извори, косовската полиција имала капацитет да се пресмета и да има многу повеќе жртви, но улогата за да не дојде до тоа ја одиграла меѓународната заедница. Исто така, за неа е голема енигма како е дозволено да се соберат толкав број луѓе, но, вели, за тоа одговори ќе треба да даде истрагата, која нема да ја водат само косовските Албанци, туку и меѓународните институции.

„Специјалните сили од Приштина имале можност да ги убијат триесетината луѓе. Што би било тоа, каков би бил епилогот потоа? Мислам дека целиот ден и претседателот на Србија бил во преговори и дека меѓународната заедница работела на проекти за извлекување на тие луѓе кон централна Србија, за да им ги спаси животите. Имам сознанија дека се разговарало дека некој мора да ги преземе тие луѓе и одговорноста за нив и дека заедно ќе се работи на утврдување на причините“, вели Трајковиќ и појаснува дека ситуацијата е тешка поради тоа што целата вина е префрлена всушност на Србите од Косово, а одговори всушност треба да дојдат од Србија.

„Кој е виновен што тоа дете [Спалевиќ (23), еден од идентификуваните], израснало во некој што со оружје ќе учествува во такви акции… Тоа се прашања на коишто Србија мора да одговори…. Голема е опасноста од одмазда врз српските енклави“, вели Трајковиќ и додава дека наместо да ги санира претходните инциденти, косовскиот премиер Албин Курти само одново ги иритира Србите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...