fbpx
Таг: Manastir

таг: Manastir

Рада Трајковиќ: Повеќе од 30 луѓе упаднале во манастирот Бањска, а има повеќе од тројца убиени

По оружениот инцидент во селото и манастирот Бањска, на север од Митровица, во утринската програма на српската телевизија „Нова“, Рада Трајковиќ од Европското движење на Србите од Косово и Метохија, вели дека во ситуацијата КФОР и ЕУЛЕКС одиграле многу значајна улога, но и дека бројката на загинати од вооружената група, за коишто се претпоставува дека се Срби, е повеќе...

Доброволците уште 24 часа ќе се борат со пожарот кај Трескавец

Пожарот кој пред два дена започна да гори околу манастирот Трескавец сè уште е активен и се уште постои опасност да го зафати манастирскиот комплекс. Во борбата со огнот се вклучени прилепските пожарникари, но и голем број доброволци од Прилеп и од околината, од кои дел се вработени во неколку прилепски компании и јавни претпријатија, информира Општина Прилеп. Според противпожарната...

Изгаснат пожарот што му се закануваше на манастирот „Трескавец“

Пожарот што синоќа му се закануваше на манастирот „Трескавец“ кај Прилеп е изгаснат, информираше командирот на Територијалната противпожарна единица, Станко Колески. По апелите од Општина Прилеп за и граѓаните да се вклучат во гаснењето на пожарот, повеќе од сто доброволци се јавиле на повикот, по што во раните утрински часови пожарот е изгаснат. Сепак, жариштето сè уште го чуваат околу 70 луѓе. Според...

Пожар му се заканува на манастирот „Трескавец“ кај Прилеп

Повеќе од 50 хектари со борова и нискостеблеста шума вечерва горат околу манастирот „Успение на Пресвета Богородица – Трескавец“ кај Прилеп, информираат од Општина Прилеп. „Пожарот избувнал околу 16 часот, над новите градски гробишта и тој се шири со огромна брзина. Гори целата планина околу манастирскиот комплекс. На терен се излезени екипи на противпожарната единица, како и доброволци кои апелираат до граѓаните да...

Емилија Стефанџиевска од Битола победи на државниот натпревар „Вешта жена“

Емилија Стефанџиевска од Битола го освои првото место на манифестацијата „Вешта жена“, вчеравечер. Манифестацијата на која се натпреваруваа жени од целата земја се одржа во ресторанот во манастирискиот комплекс во тетовското село Лешок. Стефанџиеска на 25. издание на оваа манифестација - кулинарски натпревар, се претстави со разни домашни специјалитети, а нејзината маса беше насловена „Патот кон богатството“. На финалната манифестација во...

Малолетници фатени како крадат во манастирскиот комплекс во Лешок

Изминатава недела од двете цркви во рамки на манастирскиот комплекс во тетовското село Лешок, украдени се околу 60.000 денари. За тешката кражба, кој е пријавена вчера претпладне од вработен во манастирскиот комплекс, осомничени се четири лица, при што на дело биле фатени двајца малолетници. Кражбата се случила во периодот од 16 април до вчера претпладне, при што од фиоки и...

Осветени новите конаци на манастирот „Св. Стефан“, кај Охрид

Во присуство на голем број верници, жители и туристи, денеска, со богослужба беа осветени новите конаци на манастирот „Св. Стефан“, во истоимената туристичка населба во Охрид. Со новите конаци од манастирот „Св. Стефан“, Дебарско-кичевска епархија е збогатена со уште 57 нови легла, кои се комплетно опремени со што гостите ќе може да уживаат во убавините на манастирот и во прекрасниот...

Пожар во четири православни цркви за Велигден

Две православни цркви во Австралија на Велигден ги зафати пожар, само неколку часа откако во Њујорк на Менхетен изгоре српска православна црква. Денеска во текот на денот пожар зафати и манастир во Русија. Од црквата во Њујорк по пожарот останале само ѕидовите, македонската православна црква во Сиднеј е целосно уништена, додека грчката православна црква во Мелбурн е само оштетена. Пожарот...

Прославата на Бадник во Тетовско почна во Мала Речица

Се враќа традицијата на одбележување на Бадник во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓи“ во Мала Речица. Според обичаите и црковните догми, се осветија бадниковите гранчиња, а се запали и бадниковиот оган. Беше прережан и славскиот колач. - Ваквиот начин на празнување на Бадник е специфичен само за тетовскиот регион и првпат уште во 1912 година почнал овој празник да се чествува...

Монографија за манастирот „Св.Наум Охридски“ од академик Цветан Грозданов

Во издание на МАНУ и на книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат колор-монографијата за манастирот „Св.Наум Охридски“ од академик Цветан Грозданов. Промоцијата на најновиот труд на Грозданов е закажана за утре, во салата на Соборниот храм на Македонската православна црква - Охридска архиепископија. За најновото дело на познатиот научник ќе говорат поглаварот на МПЦ г. г. Стефан и претседателот...

Монаси од Бигорскиот манастир пронашле коски во близина на селото Ростуше

Двајца монаси од монашакото братство на Бигорскиот манастир откриле човечки коски во близина на селото Ростуше, во месноста Кај поповите, и случајот го пријавиле в полиција. Првичните информации наведуваат дека останките се на тројца монаси, кои биле погубени на почетокот од минатиот век. Од СВР Тетово информираат дека случајот во петокот попладне го пријавил игуменот на манастирот, по што увидна...

Се испумпува водата од манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“ во Новаци

Водата од поплавениот манастир „Рожденство на Пресвета Богородица“ во Новаци се испумпува. По испумпувањето на водата, ќе се прави првата процена на штетата.

Црна ги поплави иконостасот и фреските на манастирот „Пресвета Богородица“ во Новаци

Манастирската црква и конаците на „Пресвета Богородица“ во Новаци се метар и половина под вода. Опасноста е уште поголема ако се сруши насипот на Црна, тогаш водите сериозно ќе му наштетат на овој верски објект - предупредуваат од манастирот. Отец Душко Груевски вели дека од синоќа иконостасот и фреските се под вода и направена е голема материјална штета. - Во манастирот...

Албански државјанин осомничен за кражбата во манастирот „Св. Богородица Пречиста“

Кичевската полиција поднела кривична против албанскиот државјанин А.Д. (38), осомничен за тешката кражба во манастирот „Св. Богородица Пречиста“, што се случи вчера утрото, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Според Димоски, на осомничениот му е одреден 48-часовен притвор и е спроведен во затворот во Тетово. Притворениот се товари дека на 11 декември провалил во манастирот „Св. Богородица Пречиста“ во близина на...

Тешка кражба во манастирот „Св. Богородица Пречиста“

Непознат сторител ноќеска извршил тешка кражба во манастирот „Св.Богородица Пречиста“ кај Кичево, соопшти портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски. Украдени се три сребрени крста, еден манастирски печат и едно резбано сребрено ковчеже, со мошти од свети Параскева. Тешката кражба во манастирот е извршена околу два часот, откако претходно насилно и со соодветен алат биле скршени цилиндарот од металната решетка на вратата...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...