Путин ги повика Ерменија и Азербејџан да ги запрат борбите во Нагорно-Карабах

-

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги повика властите на Ерменија и на Азербејџан да ги запрат воените дејствија во регионот на Нагорно-Карабах кој избувнаа ноќеска, јавува „Би-би-си“.

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, како што пренесуваат агенциите, во текот на денов имал телефонски разговори со своите колеги, министрите за одбрана на Ерменија и на Азербејџан, Сејран Оханјан и Закир Хасанов.

Ноќеска дошло до ескалација на судирот меѓу Ерменија и Азербејџан во Нагорно-Карабах, а медиумите јавуваат дека имало употреба на тешки митралези и минофрлачи долж граничната линија.

Министерствата за одбрана на двете земји си ја префрлаат вината, обвинувајќи се меѓусебе за ескалацијата на судирот.

Портпаролот на ерменското министерство за одбрана изјави дека во синоќешните судири имало жртви од двете страни.

Судирот меѓу Ерменија и Азербејџан почна во 1988 година, откако автономниот регион Нагорно-Карабах, со мнозинско ерменско население најави отцепување од Азербејџан.

Нагорно-Карабах прогласи независност во 1991 година, што предизвика војна меѓу двете земји, која траеше до 1994 година.

Владата прогласи седумдневна жалост

Владата денеска одржа вонредна седница по трагичниот настан во  Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица и донесе одлука за прогласување на седумдневна жалост на територијата на целата држава. Седница...

Тошковски: Сопственикот на дискотеката „Пулс“ со мито добил лиценца за работа

Легална за лиценца за работа дискотеката „Пулс“ нема. Говорам за лиценци кои се во најмала рака фалсификувани лиценци, нелегални, издадени во 2024 година. Има сомнение дека се добивани на коруптивен начин....

Осомничени повеќе од 20 лица, меѓу нив и организаторите на настанот во кој загинаа 59 деца

Повеќе од 20 лица се осомничени, а 15 се наоѓаат во полициска станица во врска со трагичниот настан синоќа во дискотека во Кочани во кој загинаа 59 лица. Министерот Панче Тошковски...

ЗНМ и СЕММ: Meдиумите да објавуваат проверени информации

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) изразуваат длабоко жалење до семејствата на жртвите и до настраданите во трагичниот пожар што се случи...

Владата прогласи седумдневна жалост

Владата денеска одржа вонредна седница по трагичниот настан во  Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица и донесе одлука за прогласување на седумдневна жалост на територијата на...