вторник, 17 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Азербејџан | 42 резултати

Почна егзодус на Ерменците од Нагорно Карабах

25 септември 2023

Голем број етнички Ерменци денеска ги напуштаат своите живеалишта во енклавата Нагорно Карабах, која Азербејџан ја прогласи за своја територија, упатувајќи се кон Ерменија. Неколку илјади луѓе досега влегле во Ерменија, јави Би-Би-Си. Тие почнаа да се упатуваат кон Ерменија, откако владата на оваа земја вчера објави план за преселување на луѓето што се оставени […]

Она кога Русија те брани: Нагорно-Карабах за 24 часа капитулираше пред Азербејџан

21 септември 2023

Русија во 2020 година започна „миротворна мисија” во Нагорно-Карабах, која беше договорена со прекинот на огнот меѓу ерменските и азербејџанските сили. Во оваа енклава беа испратени речиси 2.000 руски војници во улога на „миротворци”, кои требаше да му ја гарантираат сигурноста и безбедноста на ерменското население, кое брои околу 120.000 жители во Нагорно-Карабах. По речиси […]

Азербејџан втор ден со напади врз Нагорно-Карабах, најмалку 27 лица загинаа

20 септември 2023

Министерството за одбрана на Азербејџан утрово објави дека ги продолжува “антитерористичките” операции во Нагорно-Карабах, додавајќи дека нема да сопре додека не се предадат силите на етничките Ерменци кои живеат во оваа енклава, пишува Би-би-си. Непризнаените власти на Нагорно-Карабах соопштија дека најмалку 27 лица загинале во нападите, вклучувајќи двајца цивили. Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека […]

Нова војна – Азербејџан ја нападна енклавата Нагорно Карабах

19 септември 2023

Министерството за одбрана на Азербејџан денеска соопшти дека почнало „антитерористички операции“ во подрачја на регионот Нагорно Карабах, кој е под контрола на етничките Ерменци. Во главниот град на Карабах, Степанакерт се слуша минофрлачки оган и сирени за тревога, јави Би-би-си. Според досегашните сознанија, загинале 11 азербејџански цивили и полицајци, во експлозија на мина и во […]

Кавкаска Албанија нема допирни точки со Албанија на Балканот

27 април 2023

Во ниту една сериозна литература нема некои подетални податоци за Кавкаска Албанија, а уште поважно нема никакви докази дека таа античка држава има каква било врска со денешна Албанија, велат историчарите за Вистиномер. Нема податоци дека жителите на Кавкаска Албанија биле иселени од Кавказ по наредба на Османлиските султани, па се доселиле во денешна Албанија. […]

Бугарија го проширува депото за гас во Чирен, и Македонија заинтересирана за капацитетот

20 јануари 2023

Булгартрансгаз, државниот оператор за гас на Бугарија, денеска потпиша договор за проширување на депото за гас кај Чирен, на 90-тина километри северно од Софија, и се очекува зафатот да биде готов за отприлика две години, јави бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. Според Владимир Малинов, извршниот директор на Булгартрансгаз, капацитетот од сегашните 550 милиони кубни метри ќе се […]

Бугарија од 1 октомври ќе започне да се снабдува со гас од Азербејџан

12 август 2022

Бугарија планира да отпочне со снабдувањето со природен гас од Азербејџан од 1 октомври годинава, изјави денеска министерот за енергетика во службената влада Росен Христов, пренесува Бугарското национално радио.  Бугарскиот претседател Румен Радев денеска организираше средба со изведувачот на новиот гасен интерконектор меѓу Бугарија и Грција, при што компанијата „Авакс“ ветила дека преостанатите градежни работи […]

Крај на рускиот монопол со гасот на Балканот, отворен гасниот интерконектор Грција-Бугарија

8 јули 2022

Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска кај грчкиот град Комотини го пуштија во употреба новиот гасен интерконектор меѓу двете земји. На свеченоста присуствуваше и министерот за енергетика на Азербејџан, Парвиз Шахбазов. „Интерконекторот ќе ја трансформира енергетската карта на регионот. Ќе ја продлабочи енергетската поврзаност меѓу двете земји“, изјави Кирил […]

Грчка ДЕСФА постана акционер на Гастрејд кој ја гради гасната постројка во Александрополис

6 јануари 2022

Националниот оператор на системот за природен гас на Грција (ДЕСФА) го ратификуваше неговото учество во акционерската структура на Гастрејд, компанијата што ја развива пловечката единица за складирање и регасификација на течен природен гас во грчкиот град Александрополис. Ваквиот потег следува по одобрението од Европската комисија за стекнување заедничка контрола на Гастрејд од страна на Операторот […]

Бектеши: Со интерконекторот за гасно поврзување со Грција, гасот од Азербејџан ќе стигне и на нашиот пазар

11 февруари 2021

Изградбата на национален гасоводен систем и неговото поврзување со регионалните системи, како и изградба на дистрибутивните системи за природен гас, се едни од приоритетите на Владата во енергетската инфраструктура. Природниот гас е корисен енергенс со широк опсег на уотреба во домаќинствата, индустријата и сообраќајот, како и за производство на електрична енергија и топлина. Ова го […]

Ерменија и Азербејџан не го почитуваат примирјето, продолжуваат гранатирањата

12 октомври 2020

Привремениот прекин на огнот меѓу Ерменија и Азербејџан, којшто беше договорен во петокот за време на преговорите меѓу двете страни во Москва, не се почитува. Бомбардирањата продолжија во саботата навечер врз главниот град на Нагорно-Карабах, Степанакерт од азербејџанска страна, јавува Би-би-си. Ерменските власти ја обвинија Турција дека ги поттикнува азербејџанските власти да ја уништат посредничката […]

Повеќе од 40 цивили загинаа во судирите околу Нагорно-Карабах

6 октомври 2020

Од почетокот на судирите околу Нагорно-Карабах, кои траат повеќе од една недела, според официјалните извештаи од Баку и Ереван, на азербејџанската страна погинале 27, а на ерменската 19 цивили, додека 141 цивилно лице е рането, соопшти денеска руската агенција ТАСС, повикувајќи се на извори од азербејџанскиот јавен обвинител. Се додава дека во гранатираните населени подрачја […]

Над 220 загинати лица во еднонеделните судири меѓу Азербејџан и Ерменија, конфликтот ескалира

5 октомври 2020

Ескалираат судирите меѓу Азербејџан и Ерменија околу спорниот регион Нагорно-Карабах. Војските на двете страни меѓусебно се обвинуваат за жестоки гранатирања на населени места, кои резултираат со сè поголем број на загинати и повредени граѓани. Ерменија и властите на непризнаената република Нагорно-Карабах обвинуваат дека азербејџанската војска со турски ракетни системи го нападнала главниот град Степанакерт. Уништени […]

Над 100 загинати лица во Нагорно-Карабах во судирите меѓу Ерменија и Азербејџан

1 октомври 2020

Воените судири меѓу Ерменија и Азербејџан околу спорниот регион Нагорно-Карабах продолжија и во текот на денешниот ден. Над 100 лица загинаа за неполна недела при ескалацијата на конфликтот, јавува Би-би-си. Рускиот министер за надворешни работи им понудил на двете земји Русија да биде домаќин на мировните преговори со кои би се спречила натамошна ескалација на […]

Десетици загинати лица во судирите меѓу Азербејџан и Ерменија за Нагорно-Карабах

28 септември 2020

Азербејџан и Ерменија започнаа жестоки судири на граничната линија меѓу двете земји околу спорниот регион Нагорно-Карабах. Десетици лица загинаа само во текот на вчерашниот ден, а извештаите на светските медиуми се разликуваат во бројот на мртви и повредени поради различните бројки што ги испраќаат официјалните власти од двете земји, а кои не можат да се […]

Експлозии во складиште со оружје во Азербејџан – шест повредени

27 август 2017

Најмалку шест лица се повредени откако пожар зафати складиште за оружје, во воена база во Азербејџан, по што следуваа неколку експлозии, јавуваат азербејџанските медиуми. Засега не се знае дали повредените се цивили или војници. Поради експлозиите и пожарот, евакуирани се жителите на околните села, а затворен е и автопатот кој главниот град Баку го поврзува […]

Иванов денеска во работна посета на Унгарија

20 март 2017

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе престојува во работна посета на Унгарија, соопштија утринава од неговиот кабинет. „Претседателот Иванов во Будимпешта ќе се сретне со претседателот на Унгарија, Јанош Адер, со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, и со претседателот на парламентот на Унгарија, Ласло Ковер“, стои во соопштението. Иванов минатата недела беше во дводневна посета […]

Иванов ја одложи посетата на Австралија

16 март 2017

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, донел одлука за одложување на посетата на Австралија, соопштиле од неговиот кабинет за државната новинска агенција МИА. Оттаму посочиле дека политичката состојба во земјава и тензиите меѓу Европската Унија и Турција за прекин на договорот за мигрантите се причините поради кои Иванив нема да ја реализира посетата на Австралија, […]

Шилегов: Иванов опасно си игра со безбедноста и со стабилноста на државата

15 март 2017

Во време кога Македонија се соочува со една од најголемите политички и институционални кризи, „креаторот на кризата, Ѓорге Иванов, реши да замине од државата“, велат од СДСМ по повод посетата на Иванов на Азербејџан. Портпаролот на СДСМ и пратеник во Собранието, Петре Шилегов, денеска на прес-конференција изјави дека наместо да го послуша ставот на мнозинството […]

Иванов денеска и утре во работна посета на Азербејџан

15 март 2017

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Баку, Република Азербејџан, по повод учеството на петтиот Глобален форум, во организација на меѓународниот центар „Низами Ганџави“, соопштија денеска од кабинетот на Иванов. Иванов во Баку ќе има обраќање на претседателската сесија на форумот на тема „Иднината на меѓународните односи: Моќ и […]

Страна 1 од 2