fbpx

Пејковски не се криј, ослободи го Бошкоски, веднаш – порачаа од ОМ на денешниот протест

-

Членови на партијата Обединиети за Македонија (ОМ), симпатизери, поддржувачи и активисти денеска напладне пред зградата на Министерството за правда, го одржаа најавениот протест на кој побараа ослободување од затвор на претседателот на ОМ и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски.

Демонстрантите, кои носеа транспаренти на кои пишуваше „Стоп за тортурата, слобода за Љубе Бошкоски, веднаш“, му дадоа рок од неколку дена на директорот на затворот „Идризово“, Живко Пејковски да го потпише решението за ослободување на Бошкоски.

– Живко Пејковски да не се крие под здолништата на двете дами од Министерството за правда и дека Никола Груевски не му дозволува да потпише. Нека потпише, сега е моментот – рече еден од демонстрантите.

Членовите на ОМ, повторно најавија дека ќе поднесат кривична пријава против Пејковски доколку не одговори на нивните барања.

– Се обраќам до Никола Груевски. Ти Никола си пред заминување, ослободи го од стегите и од пресијата твојот директор Живко Пејковски, кој плаче како мало дете – рече пред насобраните граѓани генералниот секретар на ОМ, Раде Милососки.

Барање за ослободување на Бошкоски упати и лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, кој рече дека тој му потребен на семејството, но и на десната коалиција што треба да биде формирана против власта.

– Потребен му е на семејството, на Обединети за Македонија, но и на другите помали десни партии за најпосле да ја направиме нашата десна коалиција со која ќе го удриме директно во срце режимот – рече Ангелов.

Претседателот на ФРОДЕМ, Јове Кекеновски, рече дека доколку надлежните „не излезат и не ја исправат правдата барем малку тогаш нека бидат свесни дека наскоро нивните удобни фотељи лесно можат да ги заменат со креветот на даски на кој што пет години лежи Љубе Бошкоски“.

На Бошкоски во јуни му истекува петгодишната затворска казна за случајот „Кампања“, но, согласно прописите тој може да биде ослободен 90 дена порано.

Специјалното јавно обвинителство во понеделникот соопшти дека отвара истражна постапка под кодно име „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошкоски ден по изборите во 2011 година. Првоосомничен во случајот е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој според СЈО бил нарачател на апсењето. Други шестмина осомничени се припадници на мобилната полициска едница „Алфи“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...