fbpx

Приватниците со 209, ЈСП со 275 автобуси во јавниот превоз во Скопје (инфографик)

-

Јавниот превоз во Скопје лани функционира со 105 линии. За овие линии, Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП – Скопје) пушта во сообраќај дневно, во просек 275 возила. Јавен превоз во Скопје вршат и приватните претпријатија „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, кои заедно имаат 209 возила, пренесува „Порталб.мк“.

Од Секторот за сообраќај на Град Скопје објаснуваат дека сегашното право за вршење јавен превоз во Скопје приватните превозници го стекнале во 2015 година, со „Договорот за заедничка дејност – групно пријавување на јавниот повик број 15-1/2015 за давање на пакет на линии и за издавање дозвола за вршење превоз на патници во град Скопје“.

– Во системот за превоз на патници во град Скопје се вклучени и други превозници, кои имаат лиценца за вршење превоз на патници и дозвола за вршење превоз на определени линии. Како носители на групата, овластени се: Здружението за превоз на стоки и услуги „Слобода превоз ДООЕЛ Скопје“, каде што според утврдениот договор, учествуваат 95 правни лица и Здружението за превоз на стоки, патници, шпедиција и трговија на големо и мало „Макекспрес превоз експорт – импорт ДОО Скопје“, каде што според утврдениот договор учествува со 62 правни лица – велат од Секторот за сообраќај на Град Скопје.

Претпријатието „Слобода превоз“ во јавниот превоз учествува со 127 возила, додека „Макекспрес“ учествува со 79 возила. Од 105 линии за јавен превоз во Скопје, заеднички сите три претпријатија (ЈСП – Скопје, „Слобода превоз“, „Макекспрес“) покриваат 8 линии: 9, 19, 22-22А, 47-47А, 52, 55-55А-55Б, 61 и 63-63А-63Б.

Приватните претпријатија „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ покриваат 7 линии: 11-11А, 12, 20, 23, 45, 54 и 73, додека ЈСП – Скопје самостојно покрива 26 линии.

Од ЈСП – Скопје посочуваат дека бројот на автобуси на дадените линии се менува во зависност од работните денови, празниците и годишните летни и зимски одмори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...