fbpx

„Ромското тркало на среќата“ им покажуваше на скопјани какви се проблемите на Ромите

-

Со „Ромско тркало на среќата“ во центарот на Скопје, на кое беа напишани проблемите со кои се соочуваат Ромите во Северна Македонија, Иницијативата на жени од Шуто Оризари го одбележа Меѓународниот ден на Ромите.

„Годинешниот Меѓународен ден на Ромите решивме да го одбележиме така што ќе им дадеме можност на нашите сограѓани и сограѓанки да го свртат „ромското тркало на среќата“ и да бидат Ром/ка барем на минута-две“, напишаа од Иницијативата.

Фото: Борче Поповски
Фото: Борче Поповски

„Сакате да се образувате? Жал ни е, денеска станавте мајка на 16 години“, „И денеска за тебе немаме вработување“, „Ром сте во затвор? Честито, шансите за смрт за вас се поголеми“ и „Честито, добивте забрана на базен затоа што сте Ром/ка“ се само дел од различните „честитики“ на секое од полињата на тркалото кое опфаќа различен проблем со кој се соочуваат припадниците на оваа етничка заедница.

„Да, да, на Ромите и Ромките и ден-денес им се забранува влез на јавни места само поради нивната етничка припадност. Пред неколку години, Основниот суд во Битола донесе пресуда против базен поради директна дискриминација кон Ром кому не му беше дозволен влез токму поради ова, а по пресудата сопствениците на базенот мораа да платат оштета. Неодамна, на пример, им беше забранет влез на Роми и во едно скопско кафуле“, посочуваат од Иницијативата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...