Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево, со појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Максималната дневна температура ќе достигне од 9 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време, претежно сончево, со слаб ветер од јужен правец. Максималната дневна температура во главниот град ќе достигне до 11 Целзиусови степени.