fbpx

Џон Кери пристигна во Атина

-

Безбедносните прашања, бегалската криза, енергетската соработка, но и спорот за името ќе бидат дел од клучните теми што денеска во Атина ќе ги отвори американскиот државен секретар, Џон Кери. Кери, кој во Грција доаѓа директно од Кипар, утринава ќе се сретне со премиерот Алексис Ципрас, а потоа и со својот грчки колега, Никос Коѕиас.

Очекувањата се дека Кери доаѓа со намера да се разговара сериозно за голем број прашања од надворешната политика, билатералната соработка, безбедносни теми, како потенцијалниот влез на припадници на ИД со бегалците преку Грција, како и за потенцијалите за продлабочување на енергетската соработка.

Препотставките се дека Кери ќе ги отвори темите за грчко-турските односи, особено важни за бегалската криза и за протекот на бегалци кон Грција, спорот за името со Македонија, кипарското прашање, кое се смета дека е на добар пат да се реши. На агендата ќе се најдат и соработката за Трансјадранскиот гасовод кој треба да понуди алтернатива на рускиот гас во Европа, како и грчката финансиска криза и американската поддршка за намалување и за реструктуирање на грчкиот долг.

Што се однесува до спорот за името, доколку Кери изврши притисок за побрзо решавање на спорот, Грција се очекува да остане на своите познати позиции за сложено име и да истакне дека прави инцијативи за напредок преку предлагањето мерки за градење доверба.

Една од клучните теми според телевизијата „Мега“ се очекува да биде безбедносното прашање поради америкаскиот страв од можен влез на џихадисти во Европа, преку Грција, во бранот бегалци кои се пропуштаат кон ЕУ. Според телевизијата, поради оваа загриженост САД имаат поголем број тајни агенти што соработуваат со грчката полиција и внимаваат на оваа ситуација. Под нивната лупа се потенцијалните припадници на ИД, но и групите Сиријци кои, наводно, продаваат пасоши.

Дискусијата за оваа тема се оценува дека ќе го одведе Кери во дискусија за ситуацијата со доделување американски визи во Грција, но и потребата за засилена грчко-турска соработка на водната граница за да се има поголема евиденција на бегалците што пристигнуваат во Грција.

Грчката влада се надева дека од Кери ќе слушне позитивни зборови за грчките финансиски реформи, како и поддршка за идејата за реструктурирање на грчкиот долг, неопходна за да се направи притисок на Германија.
Кери доаѓа во Атина со речиси еден месец одложување поради ситуацијата во Сирија, а по неговата средба со грчките политички лидери за време на генералното собрание на Обединетите нации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...