fbpx

Порталб: Талкањето по шалтери продолжува, Владата сè уште не подготвила апликација за дигитална идентификација

-

Без оглед на ветувањето на Владата, чекањето пред шалтери продолжува, пишува Порталб. Како што објавува порталот на албански јазик, апликацијата за дигитална идентификација, со која ќе им се овозможува на граѓаните на Северна Македонија да добијат документи без да треба да го потврдат нивниот идентитет со физичко присуство, туку истото да го направат од далечина, односно преку компјутер, лаптоп или од нивниот телефон, ја нема.

Ова е повеќе од неопходна апликација, особено во услови на пандемија, кога властите упатуваат повици да се држи дистанца, а тоа е речиси невозможно да се направи, со оглед на гужвите пред банките и институциите што издаваат одредени документи, пишува Порталб.мк.

Владата на Северна Македонија информира дека апликацијата „Мастеркард“(Master Card), преку која се предвидува промена на начинот на работа на институциите, но и олеснување на секојдневниот живот на граѓаните, уште не е готова.

„Услугата е поставена, а во моментов се работи на реализација на системот. За да биде достапна, мора да се изврши надградба на системот преку поврзување на платформи. Се очекува услугата да биде достапна во следниот период, зависно од тоа кога ќе заврши поврзувањето на платформите во системот“, велат од Владата за Порталб.мк.

Апликацијата требаше да биде готова и граѓаните сега требаше да можат да ја искористат истата. Барем така вети владата на 19 февруари годинав,а кога премиерот Зоран Заев, заедно со министрите за финансии и информатичко општество и администрација, Фатмир Бесими и Јетон Шаќири како и претставниците на Народната банка и Управата за финансиското разузнавање, одржаа состанок со претставници на „Мастеркард“, една година по потпишувањето на меморандумот.

„Ова е прва услуга за електронска идентификација на граѓаните и ќе биде достапна на крајот на април. Ова значи дека за услугите за кои досега граѓаните мораа да го потврдат својот идентитет со физичко присуство, тоа ќе можат да го сторат од нивниот компјутер, лаптоп или мобилен телефон“, рекоа на 19 февруари од Владата.

Во пракса граѓаните, преку мобилен уред, ќе можат да ја отворат апликацијата, и прво ќе мора да го скенираат својот личен документ, лична карта или пасош. На овој начин се проверуваат податоците и се вклучува камерата на мобилниот уред и контролата се извршува доколку се работи за физичко лице. По овој чекор, проверката се врши со фотографијата на личниот документ и уредот ја идентификува личноста. Ова значи дека понатаму на граѓанинот нема да му треба хартиен документ, или физичко присуство за да го идентификува.

Според владини претставници, таквата услуга ќе овозможи замена на хартијата и пенкалото со електронски документи, електронски потписи и одобренија преку мобилни телефони. „Мобилна идентификација“ ќе овозможи секој процес за кој се бара потпис и физичко присуство да се изврши од дома, од работа или од друго место преку мобилни телефони.

Инаку, дигитализацијата на електронските услуги е повеќе од неопходна, особено во ова време на пандемија кога самите здравствени власти бараат што е можно помалку контакти меѓу луѓето. Долгите редици пред банките и институциите кои обезбедуваат одредени документи се потенцијален ризик за ширење на вирусот ковид-19. Покрај тоа, придобивките од е-услугите се огромни – граѓаните ќе заштедат време, пари, зошто да не и нерви затоа што нема да чекаат и талкаат од шалтер на шалтер, со денови или можеби дури и со недели.

Но, електронските услуги мора да бидат функционално комплетни и ефикасни, а не како што во моментов, и покрај тоа што граѓаните аплицираат за дигитални документи, тие сепак треба да одат и на шалтери.

Portalb.mk, во изминатиов период направи истражување за електронските услуги. Преку сторијата за истражувањето, го покажавме патот на еден млад пар да добие извод од матичната книга на венчаните и предизвиците со кои се соочи оваа двојка од Скопје, во недостаток на дигитализација.

Во ноември минатата година, го објавивме истражувањето во четири дела за тешкотиите со кои се соочуваат граѓаните при (не)издавање документи со еден клик на Интернет. Порталб.мк посочи дека во однос на електронски услуги, Северна Македонија заостанува 10 години зад Европската Унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...