Фото: Polina Tankilevitch from Pexels

Министерството за здравство информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 1.658 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 14, Куманово – 4, Тетово и Кочани – по 2, Битола, Велес, Охрид, Струмица, Кичево, Радовиш, Виница и Пробиштип – по 1.

Регистрирани се 359 оздравени пациенти од:Скопје – 163, Куманово – 31, Битола – 26, Тетово – 16, Велес и Кичево – по 12, Кочани, Гостивар и Кавадарци – по 11, Ресен – 10, Штип – 9, Виница, Прилеп и Свети Николе – по 6, Струмица –5, Неготино и Берово – по 4, Радовиш и Гевгелија – по 3, Крива Паланка и Дебар – по 2, Струга, Делчево, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Пријавени се вкупно 16 починати лица: 8 од Скопје (61г,62г,69г,72г, 75г,80г, 82г и 82г), две лица Битола (65г,82г) и по едно лице од Куманово (80г), Струмица (76г), Охрид (68г), Гостивар (73г), Ресен (69г) и Струга (72г). Од пријавените, еден е починат во домашни, а останатите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.524, бројката на оздравени пациенти е 143.427, на починати е 5.184, а бројот на активни случаи изнесува 5.913.