fbpx

Порталб: Сопственикот го урна објектот што ја попречуваше гасификацијата на Тетово

-

Конечно е урнат објектот што ја попречуваше гасификацијата на Тетово неколку месеци, за Порталб.мк потврди Бајрам Реџепи, директор на „Национални енергетски ресурси АД – Скопје“ (НЕР).

Оваа бесправна градба се наоѓаше во близина од само три метри до гасоводот, нешто што е забрането со закон. НЕР претходно побара од Општина Тетово да се урне градбата, меѓутоа не добија одговор. Општина Тетово не одговори ниту на новинарските прашања од Порталб.мк пат за овој случај, и тоа два пати.

Директорот на НЕР потврди дека објектот е урнат од самите сопственици.

„Ние сме операторот што врши пренос на гасот. Дистрибуцијата не ја вршиме ние, значи ние не дистрибуираме низ градот, ниту во Тетово, ниту во другите градови. Тоа ќе биде партнерска компанија на Владата, а постапката за избор на субјектот што во јавно-приватно партнерство ќе треба да го изгради гасоводот е во тек и би требало да заврши некаде околу почетокот на следната година. Потоа, избраната компанија ќе има обврска да ја изгради мрежата за дистрибуција низ сите градови, според спецификациите што се претходно утврдени“, објасни Реџепи за Порталб.мк.

Порталб.мк денеска беше на терен и се уверивме дека се работи.

НЕР АД – Скопје во јуни побара од Општина Тетово да го урне објектот, но оттаму немаше одговор во врска со барањето. Проектот за гасоводот не може да добие одобрение за користење доколку околу него се наоѓаат бесправни градби.

„Проектот за гасоводот нема никогаш да добие одобрение за користење доколку се наоѓаат бесправни градби околу него. Овој објект што ни создава проблеми се наоѓа на 3 метри од гасоводот. Ние првин побаравме од општина Тетово информација дали има градежна дозвола за тој објект, откако нѐ информираа дека нема, побаравме негово уривање, бидејќи само тие имаат надлежност, но сѐ уште не сме добиле одговор“ рече Реџепи во јуни.

Изградбата на гасоводната мрежа за Тетово и Гостивар не е завршена, а како ветување постои од 2017 година. Од Општина Тетово не одговорија на прашањето на Порталб.мк, иако ветија одговор.

Општина Тетово не исполни уште една задача од овој процес, а тоа е основање јавно претпријатие за снабдување со гас.

Инаку, од Владата на РСМ се обезбедени 90 милиони евра за 204 километри мрежа на гасоводот. Еколошките активисти постојано повикуваа да се донесе природниот гас во Полошкиот регион, со оглед дека тој беше еден од најзагадените региони во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Куршумлија: Се урна вртелешка, повредени се 13 деца, од кои едно потешко

На саем во Куршумлија, Србија, се откорна дел од конструкцијата на вртелешка, при што се повредени тринаесет деца од кое едно потешко, пренесува српската РТС. Тринаесетгодишна девојка се здобила со...