fbpx

Попоски: Помошта од ЕУ за мигрантската криза е симболична

-

Европа треба да обезбеди заеднички одговор за проблемот со мигрантите бидејќи ниту една земја не може проблемот да го реши сама со сопствени ресурси, изјави денеска во Охрид шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, додавајќи дека помошта за Македонија од Брисел засега е симболична.

– Во комуникација сме и со нашите соседи и со ЕУ и со ОН, бидејќи се работи за проблем кој не е од или за Македонија, туку Македонија е само една од дестинациите која е дел од рутата. Бараме решение да се справиме со многу зголемен наплив. Од една вообичаена динамика од 500-600 мигранти кои влегуваа на македонска територија се соочивме со ситуација во која неколку илјади доаѓаат наеднаш, рече Попоски.

Министерот истакна дена нашата ситуација е многу специфична бидејќи сме единствена граница на оваа рута во која мигранти доаѓаат од земја членка на ЕУ во земја која не е дел од Унијата.

– Сите други ситуации се обратни или меѓу ЕУ и ЕУ или од не ЕУ во земја членка. Се надеваме дека ЕУ ќе го земе предвид фактот што Македонија е дел од рутата и иако не сме членка ќе имаме подеднаков третман, рече Попоски, додавајќи дека повторно е упатен апел за помош од ЕУ.

Шефот на македонската дипломатија изјави дека границата не била затворена поради тоа што е прогласена кризна состојба во таа зона, туку поради преголемиот наплив на мигранти, кои се притиснати од грчка страна кон македонската граница.

– Максимални напори вложуваме за хуман третман, но физички е невозможно да се справите со толкав наплив мигранти- рече Попоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 13 часот за претседател гласале 23.95 отсто а за пратеници 25.84 отсто од гласачите

До 13 часот на Претседателските избори гласале 302.158 граѓани, односно 23.95 отсто од гласачите, додека, пак, на Парламентарните избори гласале 312.070 граѓани, или 25.84 отсто. Според податоците од Државната изборна...