fbpx

МВР: 826 мигранти влегле во земјава за 24 часа

-

Во изминатите 24 часа, до осум часот утринава издадени се потврди на вкупно 826 странски државјани, од кои 649 се мажи, 152 се жени, 163 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 25 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопштија од МВР.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-737, Ирак-42, Авганистан-12, Бангладеж–шест, додека другите се во помал број.
„Во текот на денот не се регистрирани никакви посериозни инциденти, иако од страна на соседна Р. Грција, без никаква контрола, голем број на илегални мигранти се уште вршат притисок за влез во земјава“, стои во соопштението на МВР.

Според податоците на МВР; од почетокот на издавањето на потврдите до денеска, до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во соопштението се наведува дека вчера до 19.00 часот, мобилните екипи на Црвен крст укажале прва помош на околу 80 лицa на Табановце и на граничниот премин кај Гевгелија, а дистрибуирано е хуманитарна помош од 700 шишиња вода, 120 пакети со храна, 50 индивидуални хигиенски пакети, 50 пакети за прва помош, 80 пелени, 60 кебиња и 20 пакети за бебиња.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...