Автомобил влета помеѓу пешаци во Лондон поради што пет лица се повредени, а двајца се во критична состојба, јавуваат странските медиуми.

Инцидентот се случил на улицата Стоквел, а полицијата соопшти дека овој случај не го третира како тероризам.

Улицата е затворена, а истрагата е во тек.