недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: улица | 49 резултати

Реконструкција на улица ги покачи нивоата на ПМ 10 во Велес

февруари 23, 2023

Реконструкцијата на улицата „Благој Ѓорев“ е причината за зголемените концентрации на ПМ 10 честичките кои деновиве ги покажува мерната станица на Државниот мониторинг во Велес, тврдат од општината. Од изминатата седмица до денес, според податоците од мерното место што се гледаат на веб страницата на Министерството за животна средина, вредностите на прашината се движеле помеѓу […]

Попладнево протест против претворањето на улицата Васко Карангелески во Аеродром во булевар

декември 2, 2022

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ повика на протест денеска во 17 часот на улицата Васко Карангелески во Општина Аеродром. На протестот ќе се искаже незадоволство од планот улицата да се претвори во булевар. „Повеќе од една година заедно со локалното население се бориме да спречиме претворање на ул. Васко Карангелески во булевар. Наместо Град Скопје […]

Општина Тетово воведе зонско паркирање, половина на улица половина на тротоар

септември 20, 2022

Отежнато е минувањето за пешаците по тротоарите во горниот дел од улицата „120“, кај Зеленото пазарче во Тетово, бидејќи покрај узурпацијата од страна на тамошните продавачи, Општина Тетово со согласност на СВР Тетово воведе зонско паркирање кое половината е на тротоар. Од СВР Тетово велат дека пред да биде ставен во функција, ќе се провери […]

Улицата кај Старата противпожарна станица во Тетово е целосно уништена, жителите предлагаат решенија, општината игнорира

септември 17, 2022

Иако се наоѓа среде градот, улицата зад булеварот „Илирија“, инаку позната како „Стара противпожарна станица“ во Тетово, со години е запуштена. Лошата патна инфраструктура и недостигот на паркинг места се двата главни проблема со кои жителите на населбава се соочуваат секојдневно. Бараат решение од општината, но надлежните ја занемаруваат одговорноста да се ангажираат и да […]

Уште не се знае врз основа на кој елаборат се исекоа дрвјата на „Страшо Пинџур“ во Тетово

април 21, 2022

Уште не се знае врз основа на кој елаборат, документација или постапка е дадена наредба за сечење на дрвјата на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово. Од општината, за Порталб.мк, рекоа дека на следната седница на Советот на општината ќе има детални информации за овој случај. Сечењето дрвја долж улицата „Страшо Пинџур“ не беше прифатено добро […]

Порталб: Еден ден откако започнаа, работите на улица „Страшо Пинџур“ прекинати

април 21, 2022

Во вторникот почнаа, а вчера работите за реконструкција на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово беа стопирани. Од Општина Тетово се правдаат дека ова е побарано од листата „Подобро за Тетово“. Но, од таму негираат такво нешто и ја повикуваат општината да изнесе докази дека тие побарале прекин на реконструкцијата и велат дека нивните реакции се […]

Улица во Берово го доби името на словенечкиот пожарникар Жан Кофол

декември 1, 2021

Советот на општина Берово едногласно ја усвои иницијативата за преименување на улица во Берово со името на словенечкиот пожарникар Жан Кофол. Тој беше еден од симболите на борбата против шумските пожари што ја зафатија Малешевијата изминатово лето. Иницијативата за преименување на улица во Берово по словенечкиот пожарникар беше поднесена од беровскиот градоначалник Звонко Пекевски. По […]

Централната раскрсница во седиштето на НАТО за Европа именувана како „Скопје“

октомври 20, 2021

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, денеска во Врховната командата на здружените сили на НАТО за Европа, учествуваше на церемонијата за именување на централната раскрсница во оваа команда според главниот град на Северна Македонија, Скопје, со што беше продолжена традицијата на именување на улици во командата според главните градови на сојузниците, соопшти службата за информирање на […]

Вистиномер: Нема да се руши спортскиот центар „Борис Трајковски“ туку ќе се продолжува улица

август 19, 2021

Жителите на општина Карпош се вознемирија дека ќе се сруши Спортскиот центар Борис Трајковски. Градоначалникот на општина Карпош тврди дека ова е лажна вест, пишува „Вистиномер“. Текстот го пренесуваме во целост: На Фејсбук е креирана страница со име „Заштита на Спортскиот Центар Борис Трајковски“. Во описот на страната пишува дека е направена „со цел и […]

Тетово: Граѓаните со години бараат асфалтирање на нивната улица

ноември 28, 2019

Последен пат улицата „116“ во Тетово е асфалтирана пред независноста на Македонија (1991), и таа во моментов е во ужасна состојба. Над 200 жители од оваа населба потпишаа барање, кое потоа беше испратено до Општина Тетово, но сѐ уште немаат добиено никаков одговор иако писмото е доставено пред скоро еден месец. Од Општина Тетово не […]

Времен сообраќаен режим на улица Бихаќка

октомври 28, 2019

Градот Скопје информира дека утре 29 октомври, поради завршно асфалтирање на улица Бихаќка, сообраќајот ќе биде затворен во двете насоки на еден дел од улицата Бихаќќа, и тоа на потегот од улица Востаничка до влезната капија на МВР. „Асфалтирањето ќе трае 24 часа, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици. Град Скопје апелира до […]

Улицата Македонија во Охрид ќе стане пешачка зона

мај 30, 2019

Во рамките на проектот „New horizons through advanced walking zone“ со адаптација на улицата Македонија во пешачка зона, ќе се обезбеди поинаков спој меѓу езерото, луѓето и урбаниот дел на градот. Проектот се работи на ниво на физибилити студија, а една од идеите за зголемување на атрактивноста на просторот е создавање на унапредена -проширена пешачка […]

МВР известува за посебен сообраќаен режим поради протестот на ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

декември 20, 2018

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска од 19 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата Даме Груев, право по улицата Васил Главинов, право по булеварот ВМРО, лево по булеварот Илинден до пред зградата на Влада. „Од  тие причини ќе […]

Кочанските советници ја преименуваа улицата „ВМРО“ во „Маршал Тито“

октомври 31, 2018

Мнозинството во Советот на Општина Кочани го врати името на една од централните улици, што неколку децении го носеше името на претседателот на некогашната СФРЈ, Јосип Броз – Тито. Советниците од коалицијата на СДСМ го сменија името на улицата во „Маршал Тито“ со поддршка на еден независен советник. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во време кога […]

Градот Скопје именуваше улица во чест на норвешкиот дипломат Торвалд Столтенберг

септември 6, 2018

Во знак на благодарност на Град Скопје и на скопјани, за несебичната помош на норвешкиот дипломат Торвалд Столтенберг по катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година, улицата што ги поврзува Градскиот парк, Градскиот стадион и кејот на реката Вардар ќе го носи името „Улица Столтенбергова”. Градоначалникот Петре Шилегов додаде дека Скопје секогаш ќе се сеќава на […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред затворот во Шуто Оризари попладнево

декември 10, 2017

ВМРО ДПМНЕ денеска ќе организира протест во 16 часот пред Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, каде се притворени шестмина нивни пратеници, како и неколкумина нивни поддржувачи. Тие се под истрага на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција поради насилствата во Собранието на 27 април годинава и се товарат за тероризам. „Заев и […]

Пет лица се повредени откако автомобил влета помеѓу пешаци во Лондон

декември 2, 2017

Автомобил влета помеѓу пешаци во Лондон поради што пет лица се повредени, а двајца се во критична состојба, јавуваат странските медиуми. Инцидентот се случил на улицата Стоквел, а полицијата соопшти дека овој случај не го третира како тероризам. Улицата е затворена, а истрагата е во тек.

Кривична пријава за бившиот градоначалник на Василево, Ванчо Стојанов

ноември 14, 2017

Ванчо Стојанов (50), претходниот градоначалник на општина Василево, како и Л.Н. (44), в.д. директор на Јавното претпријатие „Турија“, добија кривични пријави за злоупотреба на службена положба и овластување и за помагање во такво кривично дело. СВР Струмица ги товари за злоупотреба на машина на јавното претпријатие за насипување песок за улица во селото Едрениково, која […]

Улицата на Кејот 13 Ноември ја гради приватен инвеститор, реагира Град Скопје

април 30, 2017

Градот Скопје не ја гради пристапната улица со посебен сообраќаен режим на Кеј 13 Ноември и не е надлежен да интервенира, се вели во реакцијата на градската администрација. „На посочениот простор треба да се изгради пристапна улица од страна на приватен инвеститор кој склучил договор со Градот Скопје, уште во времето кога градоначалник бил Трифун […]

Инспектор на Општина Центар побарал да запре иградбата на улица на кејот, изведувачот одбил

април 30, 2017

Овластен инспектор за градежни работи на Општина Центар побарал да запрат градежните работи за изградба на улица на Кејот 13 Ноември, кои почнале рано утринава, но изведувачот одбил да запре со работа и продолжил со градење, информираат од Општината. „Овластениот инспектор на Општина Центар, по налог на градоначалникот Андреј Жерновски, утринава пристигна на градилиштето на […]

Страна 1 од 3