fbpx

Попладнево протест против претворањето на улицата Васко Карангелески во Аеродром во булевар

-

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ повика на протест денеска во 17 часот на улицата Васко Карангелески во Општина Аеродром.

На протестот ќе се искаже незадоволство од планот улицата да се претвори во булевар.

„Повеќе од една година заедно со локалното население се бориме да спречиме претворање на ул. Васко Карангелески во булевар. Наместо Град Скопје да работи на смирување на сообраќајот кој буквално носи животи, тие мирна улица веднаш пред основно училиште прошируваат во булевар! Ги повикуваме сите наши сограѓани, но пред сѐ сите локални жители, сите родители чиишто деца учат во основното училиште „Љубен Лапе“, да излезат и да ги заштитат своите и животите на своите деца. Булевар до основно училиште е енормен ризик по безбедноста не само на децата кои учат таму, туку и на нивните најблиски кои ги носат и ги земаат од училиште“, стои во повикот.

„Зелен хуман град“ потсетува дека создавање уште еден булевар на 800 метри од булеварот Србија е непотребно, а ќе го уништи мирот и безбедноста, пред се на повозрасното население. Дополнително, населбата ќе добие уште еден „топлински остров“.

„Да не дозволиме нашите најблиски да бидат подвижни мети! Да не дозволиме да се дуплира количината на асфалт и бетон за да се создаде уште еден топлински остров! Локалните самоуправи постојат за да работат во најдобар интерес на граѓаните!“, се вели во повикот на „Зелен хуман град“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицаец од Крушево исфрлил во ѓубре доверливи документи

Полициски службеник од Крушево исфрлил во ѓубре службени материјали сместени во картонски кутии, а меѓу кои имало и документи со одреден степен на класификација, соопшти Министерството за внатрешни работи...