среда, 12 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: Зелен Хуман Град | 31 резултати

Независни граѓански иницијативи се обединуваат во заедничка платформа за учество на локалните избори

24 јули 2025

Во обид да се спротивстават на обидите на партиите да ги истиснат независните иницијативи од изборниот процес, повеќе граѓански движења и активисти се здружуваат во заедничка, формално регистрирана платформа. Тие најавуваат заедничко делување на претстојните избори со цел да понудат вистинска алтернатива која ќе ги претставува интересите на граѓаните. Во оваа нова платформа веќе се […]

ЗХГ до претседателката Сиљановска-Давкова: Не ги потпишувајте измените на Законот за урбанистичко планирање

17 февруари 2025

Активисти на Граѓанската иницијатива Зелен Хуман Град (ЗХГ) испратија апел до претседателката Гордана Сиљановска Давкова да не ги потпишува, како што велат, контроверзните измени на Законот за урбанистичко планирање со кои се овозможува уништување на плодно земјоделско земјиште со поставување на фотоволтаични централи и ветерници. „Ве повикуваме да покажете дека навистина сте претседателка на сите […]

Протест против аерозагадувањето: „Ви делат ли чист воздух од партија?”

10 декември 2024

Скопјани денеска се собраа да го изразат својот протест против инертноста на властите во борбата со загадувањето на воздухот. Тие попладнево маршираа пред Министерството за животна средина, Собранието и Владата за да го свртат вниманието на големиот проблем со кој се соочуваат секоја зима. Со транспаренти преку кои порачаа „Во Скопје живеат згради и коли, […]

Скопјани утре ќе маршираат за чист воздух

9 декември 2024

Зелен хуман град утре од 16 часот организира протестен марш за чист воздух, кој ќе започне од Министерство за животна средина и преку Собранието ќе заврши пред Владата. Од организацијата велат дека протестот се организира заради огромниот број на смртни случаи кои се диртектна последица на загадувањето на воздухот. Секоја година од 3.828 до 5000 […]

Советот на Скопје усвои граѓански предлози за намалување на загадувањето, следно е да донесе одлуки и да ги спроведе

17 јули 2024

Советот на Скопје ги прифати сите 19 предлози за намалување на загадувањето на воздухот кои ги предложи првото Граѓанско климатско собрание на Скопје. Иницијативите се со различен рок на имплементирање, од неколку месеци до неколку години. Скопјани предложиле мерки како редовно миење на улиците, засадување на повеќе дрвја, подобрување на велосипедската инфраструктура и да се […]

Пиши-бриши со спроведувањето итни мерки против аерозагадувањето во Скопје

28 декември 2023

Градските советници од Скопје пред неколку недели усвоија одлука за спроведување на итни мерки против аерозагадувањето, но прашање е што од овие мерки ќе се спроведе по денешните одлуки на Советот на град Скопје. По тој повод, денеска реагираа од советничката група на „Зелен хуман град“. „Уште од јануари 2023 година, „Зелен хуман град“ поднесе […]

Скопскиот буџет за 2024 пред советниците: Политикантство и по некој амандман

27 декември 2023

Советот на град Скопје денеска расправа за усвојувањето на градскиот буџет за 2024 година. Од ВМРО-ДПМНЕ уште на самиот почеток укажаа дека на седницата треба да биде присутна градоначалничката Данела Арсовска, генералниот секретар на градот Скопје и претставник на Секторот за финансии при градот Скопје. По кратката пауза што ја даде претседателот на советот Трајко […]

ВМРО, Левица и Зелен хуман град против изградбата на автобуско метро во Скопје

28 ноември 2023

Тоталната блокада на главниот град продолжува и во однос на реализацијата на проектот за воведување алтернативен и висококапацитетен јавен превоз во Скопје. Градоначалничката Данела Арсовска со месеци претходно ја одложуваше реализацијата на автобуското метро – Бас рапид транзит, за пред неколку дена од Град Скопје да соопштат дека ги коригирале пречките на проектот предизвикани од […]

Проширувањето на „Цветан Димов“ во Чаир ќе направи масакр на старите дрвја, предупредува Зелен хуман град

29 мај 2023

Улицата „Цветан Димов“ во општината Чаир може да остане без деценискиот дрворед, доколку се одобри реконструкција без подготвен проект, предупредуваат активистите на Зелен хуман град. На дневен ред на седница на Советот на Скопје утре по вторпат ќе се разгледува точката за меѓуопштинска соработка на градот Скопје и Чаир, „тешка“ 140 милиони денари, наменети за […]

Скопје се бори за чист воздух додека проектите за зазеленување стојат на хартија

27 мај 2023

Намалување на топлинските острови, обезбедување почист воздух и попријатни услови за живот во урбана средина може да се постигне со зголемување на зеленилото и намалување на асфалтираните површини. Македонските градови, а особено Скопје, се соочуваат со екстремни температури, најчесто во летниот период, кои се резултат на децениското уништување на зеленилото и бетонизацијата на градот. Урбанистичкото […]

И „Зелен хуман град“ со 15 предлози за намалување на аерозагадувањето во Скопје

23 јануари 2023

Од иницијативата „Зелен хуман град“, која што има и советници во Советот на Град Скопје, имаат 15 предлози за намалување на аерозагадувањето во Скопје. Од нив, шест мерки се за итно постапување. Притоа, од „Зелен хуман град“ најпрво бараат Советот на Град Скопје да ѝ препорача на Владата да го задолжи УХМР да започне со […]

СДСМ бара седница на Совет на град Скопје за аерозагадувањето, од ВМРО вината ја префрлаат кај владата

8 јануари 2023

Скопје и утрово се наоѓа на 13-тата позиција во светот на веб-страната IQAir според степенот на загадување на воздухот, кој во моментов е категоризиран како нездрав. И мерењата на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух покажуваат дека насекаде во главниот град среднодневните концентрации на ПМ-10 честички во воздухот биле над дозволената граница […]

Попладнево протест против претворањето на улицата Васко Карангелески во Аеродром во булевар

2 декември 2022

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ повика на протест денеска во 17 часот на улицата Васко Карангелески во Општина Аеродром. На протестот ќе се искаже незадоволство од планот улицата да се претвори во булевар. „Повеќе од една година заедно со локалното население се бориме да спречиме претворање на ул. Васко Карангелески во булевар. Наместо Град Скопје […]

Милениците да можат да се возат во јавен превоз, нова иницијатива до Градот Скопје

15 октомври 2022

Советниците на Зелен хуман град започнаа иницијатива со гласање до Советот на Градот Скопје да се дозволи сопствениците на миленици заедно да користат јавен транспорт. Се бара измена и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, преку што ќе се овозможи граѓаните со миленици да го користат градскиот превоз, без разлика […]

Град Скопје нема пари за широка мрежа мерни станици за загадување на воздухот и за Зелен катастар

12 јули 2022

Нема пари за широка мрежа на нискобуџетни мерни станици за следење на загадувањето на воздухот кои требаше да се постават во целиот град, ниту пак за изработка на Зелениот катастар. Со последниот ребаланс на буџетот на Градот Скопје, што беше изгласан вчера помина само еден предлог на советниците од Зелен хуман град, за отворање на […]

Биоотпадот секаде е ресурс за правење компост, само кај нас се третира како ѓубре

27 февруари 2022

Лушпи од зеленчук и овошје, суви лисја и гранки од дворовите и парковите или пак остатоци од земјоделското производство, овоштарството и лозарството. Сето тоа е биоотпад, кој кај нас завршува на депонија, а во многу држави преставува ресурс. Според статистиките во земјава, биоотпадот учествува со околу 60 отсто од она што го фрлаат домаќинствата и […]

Стотина сензори ќе се поставуваат на градски објекти во Скопје, ќе се бараат изворите на аерозагадувањето

11 јануари 2022

Советот на Градот Скопје прифати амандман на советниците на Зелен хуман град и се обврза од градскиот буџет да инвестира 700.000 денари за поставување на хипер-мрежа на сензори за мерење и локациско мапирање на аерозагадувањето во главниот град. Со овие средства ќе треба да се постават стотина сензори за мерење на аерозагадувањето на градски институции […]

Екологистите бараат построги мерки и координација меѓу институциите против аерозагадувањето

29 декември 2021

Наместо тесно-партиски ставови и обвинувања, од Еко-свест бараат многу позасилени напори и работење во континуитет за изнаоѓање системски одржливи решенија, со кои аерозагадувањето во Скопје ќе се намали, а со тоа и ризиците по здравјето на неговите жители. Од Еко-свест велат дека голем дел од краткорочните мерки и препораки, како и нивниот ефект, зависи од […]

НаТочак и Зелен хуман град со предлози до Арсовска за градскиот буџет за 2022 година

28 декември 2021

Иницијативата НаТочак испрати писмо до скопската градоначалничка Данела Арсовска, градските советници и стручните служби во Град Скопје, со кои се потсетуваат на 11 предлози кои тие сметаат дека треба да бидат опфатени во градскиот буџет за 2022 година. НаТочак од Буџетот на Град Скопје за 2022 година бара 70 милиони денари за реконструкција на пешачката […]

Скопјани ќе предлагаат зелени проекти што мислат дека треба да се финансираат од градскиот буџет

2 ноември 2021

Граѓаните и граѓанските организации во следните денови можат да достават свои предлози за зелено и хумано Скопје, кои мислат дека треба да бидат финансирани од градскиот буџет за идната година. Зелен хуман град најави дека повторно ќе организира граѓански буџетски форум на кој ќе бидат презентирани пристигнатите идеи. Предлозите може да се поднесат преку платформата […]

Страна 1 од 2