fbpx

„Зелен хуман град“ со протест против сечењето дрвја во Аеродром, од Град Скопје велат ќе се садат нови

-

Планираното сечење на 100 зрели дрвја за проширување на улицата Васко Карангелески во Општина Аеродром денеска на протест ги извади граѓаните и претставниците на „Зелен Хуман Град“.

„Бараме веднаш да се запре со планираното проширување и да не се дозволи масакр на здрави зрели дрвја во Аеродром – една од најзагадените општини во еден од најзагадените градови во Европа и во светот. На прагот сме на носење нов ГУП за Скопје, во процес сме на изработка на План за одржлива мобилност на Скопје (SUMP), немаме сеопфатна сообраќајна студија ниту податоци за оптимизација на јавниот транспорт. Без комплетирање на тие појдовни податоци не смее да се реализираат проекти врз основа на планови стари повеќе од половина век“, порачуваат од „Зелен Хуман Град“.

Тие денеска побараа да се заштити зеленилото во најзагадената скопска општина, а ја искритикуваа локалната власт дека продолжува со зголемување на автоцентричноста на населбата и намалување на зеленилото што е премногу потребно таму.

„Скопје мора да се развива одржливо и праведно, мора да се стреми кон реализирање на Целите за одржлив развој на Обединетите нации, што значи не смееме да си дозволиме да уништуваме здрави повеќедецениски дрвја за автоцентрични проекти од минатиот век“, потенцираат од „Зелен Хуман Град“.

Со реакција на денешниот собир на улицата Васко Карангелески се јавија од Град Скопје, кои ги демантираат тврдењата на „Зелен Хуман Град“ дека ќе биде изгубено зеленилото на оваа сообраќајница во Аеродром.

„Спротивно на тоа, по завршувањето на изградбата и пробивањето на улицата и нејзиното поврзување со булевар Трета македонска бригада ќе биде засаден дрворед од повеќегодишни високостеблести садници по должината на целата улица, со што речиси тројно ќе се зголеми зеленилото по должината на улицата“, се вели во реакцијата на Град Скопје.

Градските власти велат дека пробивањето на оваа сообраќајница е од исклучително големо значење за новите населби кои се изградија на местото на некогашните воени бараки и некогашната касарна Гоце Делчев, каде што популацијата е повеќекратно зголемена.

„Дополнително покрај тројното зголемување на дрворедот улицата во делот од крстосницата со ул. Владимир Комаров до крстосницата со бул. Трета македонска бригада ќе добие нови тротоари, велосипедски патеки, нова атмосферска канализација и ново ЛЕД осветлување“, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Инаку, „Зелен Хуман Град“ е неформална коалиција на организации и активистички групи кои ќе настапат со свој кандидат за градоначалник – Ана Петровска и советничка листа за Град Скопје, додека актуелниот градоначалник Петре Шилегов ќе настапи како кандидат за уште еден мандат од коалицијата предводена од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...