fbpx
Таг: улица

таг: улица

Пет лица се повредени откако автомобил влета помеѓу пешаци во Лондон

Автомобил влета помеѓу пешаци во Лондон поради што пет лица се повредени, а двајца се во критична состојба, јавуваат странските медиуми. Инцидентот се случил на улицата Стоквел, а полицијата соопшти дека овој случај не го третира како тероризам. Улицата е затворена, а истрагата е во тек.

Кривична пријава за бившиот градоначалник на Василево, Ванчо Стојанов

Ванчо Стојанов (50), претходниот градоначалник на општина Василево, како и Л.Н. (44), в.д. директор на Јавното претпријатие „Турија“, добија кривични пријави за злоупотреба на службена положба и овластување и за помагање во такво кривично дело. СВР Струмица ги товари за злоупотреба на машина на јавното претпријатие за насипување песок за улица во селото Едрениково, која не била во урбанистичкиот план. Според...

Улицата на Кејот 13 Ноември ја гради приватен инвеститор, реагира Град Скопје

Градот Скопје не ја гради пристапната улица со посебен сообраќаен режим на Кеј 13 Ноември и не е надлежен да интервенира, се вели во реакцијата на градската администрација. „На посочениот простор треба да се изгради пристапна улица од страна на приватен инвеститор кој склучил договор со Градот Скопје, уште во времето кога градоначалник бил Трифун Костовски. Локацијата и формата на...

Инспектор на Општина Центар побарал да запре иградбата на улица на кејот, изведувачот одбил

Овластен инспектор за градежни работи на Општина Центар побарал да запрат градежните работи за изградба на улица на Кејот 13 Ноември, кои почнале рано утринава, но изведувачот одбил да запре со работа и продолжил со градење, информираат од Општината. „Овластениот инспектор на Општина Центар, по налог на градоначалникот Андреј Жерновски, утринава пристигна на градилиштето на кејот, на кое повторно, во...

Нов обид за изградба на улица на Кејот 13 Ноември

На кејот на Вардар од утрово има нов обид да се продолжи со изградба на бесмислената улица, а овластениот градежен инспектор на Општина Центар веќе се упати на местото, соопшти утринава преку својот фејсбук-профил, градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски. „По веќе добро познатото сценарио, избран е ден - недела, пред празник, продолжен викенд, рано наутро, кога сите спијат. Убеден сум...

Привремен сообраќаен режим на дел од улицата Никола Карев

Градот Скопје ги информира граѓаните дека во деновите од претстојниот викенд (15 и 16 април), на дел од улицата Никола Карев, на крстосницата со булеварот Трета македонска бригада, ќе се изведува прекоп за поставување подземни инсталации. „Поради тоа, во деновите од викендот, на оваа делница ќе се воведе привремен сообраќаен режим, во времетраење од 8 до 18 часот, а на...

ВМРО-ДПМНЕ: Не гласавме за улица на кеј, СДСМ да отстапи од тиранската платформа

ВМРО-ДПМНЕ има целосно разбирање за волјата на граѓаните и затоа не гласаше против одлуката за запирање на изградба на улицата на Кејот 13 Ноември, се вели во партиското соопштение. „Единствено ВМРО-ДПМНЕ бара Општина Центар своите одлуки да ги носи во согласност со законските прописи во државата. ВМРО-ДПМНЕ бара и СДСМ да има разбирање за волјата на граѓаните и да отстапи...

Богдановиќ: Го спасивме кејот, нема да се гради улица во центарот на Скопје

„Го спасивме кејот на реката Вардар во центарот на Скопје. Нема да се гради улица за приватни интереси на бизнис-партнери на Никола Груевски“, вели претседателот на општинската организација на СДСМ во Центар, Саша Богдановиќ. - Кејот останува шеталиште со зеленило, отворен за сите граѓани. Ќе добие и урбанистичка опрема, клупи, фонтани, жардиниери... Успеавме да го заштитиме кејот заедно со граѓаните....

Советот на Општина Центар ја стопираше изградбата на улица на кејот на Вардар

Советот на Општина Центар на денешната вонредна седница со 12 гласа „за“ ја стопираше одлуката за изградба на улица на кејот на Вардар. Наместо улица со посебен режим на сообраќај, Советот на Општина Центар донесе одлука со која на шеталиштето се предвидуваат клупи, жардиниери и корпи за отпадоци. За одлуката не гласаа советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои жестоко се...

Општина Центар: Во ДУП никаде не постои улица на кејот, Трајановски ги крши законите

Град Скопје, под чија ингеренција е кејот, донесе незаконска одлука да го узурпира шеталиштето и да направи сервисна улица, која според актуелниот детален урбанистички план (ДУП) никаде не постои, велат од Општина Центар. „Вчера, Град Скопје и ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидоа да ги кршат законите и да ги манипулираат граѓаните, кои мора да ја знаат вистината за улицата што Град Скопје...

Со месеци раскопана една од најпрометните улици во Тетово

И по речиси три месеци, улицата Иво Лола Рибар во Тетово, која води кон граничниот премин кон Косово, не е санирана. Под оваа улицата, градските власти поставуваа атмосферска канализација, но овој коловоз сè уште е раскопан поради градежните работи што се изведуваа за реализација на овој проект. Возачите се жалат. Велат дека досега неколкупати ги носеле своите возила на поправка, кои се...

ВМРО-ДПМНЕ: Кога СДСМ беше на власт, затвори 684 фирми и остави на улица 200.000 луѓе

„Кога СДСМ беше на власт, затвори 684 фирми и остави на улица 200.000 луѓе. Денес зборуваат за субвенции, а кога беа на власт не дадоа ниту денар за фирмите“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Драган Тевдовски. - Каде беше СДСМ со мерки и со предлози како конструктивна опозиција кога почна светската економска криза. Во тоа време,...

Анкара ќе именува улица по убиениот руски амбасадор

Турскиот министер за внатрешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека една улица во Анкара ќе се именува по убиениот руски амбасадор. Тој соопшти дека по Андреј Карлов ќе биде наречена улицата на која се наоѓа амбасадата на Русија во турската престолнина. Карлов вчера беше убиен на отворањето на изложбата „Русија во очите на Турците“. - Донесовме одлука, во чест на господинот Карлов, улицата...

Ердоган предупреди дека е можен нов напад

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, преку официјалниот претседателски твитер-профил ги повика турските граѓани да бидат подготвени повторно да излезат на улица затоа што е можен нов напад на пучистите. „Овој напад може да дојде до уште една фаза, во која ќе мора повторно да излеземе на улица. Затоа што може да има ново движење“, напиша Ердоган на „Твитер“. https://twitter.com/tcbestepe/status/754217582601863168 Според неговите...

Денеска ќе се протестира во Скопје, Штип и во Битола

По еден ден пауза, демонстрантите денеска во 18 часот повторно се враќаат на улица. Денешниот протест ќе почне пред Специјалното јавно обвинителство, но сè уште не се знае каква ќе биде маршутата по која ќе се движат демонстрантите. Протести за денеска се најавени и во Штип, Кочани и во Битола. Протестот во Штип ќе се почне во 18 часот, пред...

Жителите го блокираа булеварот Илирија во Тетово поради зонското паркирање

Жителите што живеат покрај булеварот Илирија во Тетово, каде месецов се воведе зонско паркирање, попладнево ја блокираа улицата. Велат дека се револтирани поради воведувањето зонско паркирање, со кое им е оневозможено да ги оставаат возилата во близина на живеалиштата зашто паркирањето сега е ограничено на три часа. - Ние немаме ништо против зонското паркирање. Бараме само Општината да ни овозможи загарантирано место за...

В недела привремен сообраќаен режим на Трета македонска бригада

В недела, на дел од улицата Трета македонска бригада, на потегот од крстосницата со улицата Васко Карангелевски до улицата Никола Карев, ќе се воведе привремен сообраќаен режим, во времетраење од 8 до 17 часот, а на коловозот ќе се постави соодветна патна сигнализација. Привремениот сообраќаен режим ќе се воведе поради изведување прекопи за поставување подземни инсталации. Градот Скопје апелира до сите...

67-годишен пешак прегазен на улица во Чаир

Шеесет и седумгодишен жител на велешкото село Кочилари го загубил животот во сообраќајна несреќа, што вчера се случила на улицата Кемал Сејфула во скопската населба Чаир, сооошти денеска полицијата. Како што информираат оттаму, сообраќајната несреќа се случила околу 6.50 часот, кога автомобил, марка „опел астра“, што го управувал 34-годишниот Ќ.К., удрил во Иса К. (67), кој се движел пеш. Тој со...

Општина Центар ја реконструира улицата Ленинова

Општина Центар, по 30 години, ја реконструираше улицата Ленинова. Жителите побарале улицата да добие нов лик и по две недели оперативна работа, денеска се асфалтираше. Првата фаза од реконструкцијата е од свиокот кај Градски парк, до Илинденска, во должина од 150 метри и во широчина од седум метри. Каблите на кабелските оператори ќе бидат поставени под земја. „Се работи според предвидените планови...

Реконструирана и пуштена во употреба улицата Кемал Сејфула

На потегот од крстосницата со улицата Ферид Бајрам до крстосницата со улицата Босна и Херцеговина, во должина од 375 метри, реконструирана е улицата Кемал Сејфула во општина Бутел. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, рече дека во текот на градежните работи бил отстранет постојниот стар и оштетен асфалт, биле поставени 22 шахти и сливници, биле заменети оштетените рабници, засилен бил...

Повик за учество на средношколци во „Театарот ги обединува младите“

„Театарот ги обединува младите“ е името на меѓународниот проект, на кој може да се пријават сите заинтересирани средношколци, информираат во „Перипетија продукција“. Оттаму велат дека учесниците ќе имаат можност...