fbpx

Улицата Македонија во Охрид ќе стане пешачка зона

-

Во рамките на проектот „New horizons through advanced walking zone“ со адаптација на улицата Македонија во пешачка зона, ќе се обезбеди поинаков спој меѓу езерото, луѓето и урбаниот дел на градот.

Проектот се работи на ниво на физибилити студија, а една од идеите за зголемување на атрактивноста на просторот е создавање на унапредена -проширена пешачка зона со која би било исклучено движење на возила по улица Македонија.

Станува збор за проект дел од голема програма која ја спроведуваат ICLD (Интернационалниот центар за Локална демократија) и SKL International (дел од шведската асоцијација на локални управи и региони), кои овозможија во програмата заедно со тимовите од седум градови од Србија, Украина и Турција да биде вклучен и тимот на Општина Охрид.

Од локалната управа признаваат дека во изминативе неколку децении направени се бројни пропусти и штети врз хармонизираниот спој на природните, културните и вкупните амбиентални вредности, единствено карактеристични за овој простор, но стои определбата да се запре тој тренд и да се креираат нови  стратегии за одржилив развој на Охридскиот регион.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...