fbpx

Градот Скопје именуваше улица во чест на норвешкиот дипломат Торвалд Столтенберг

-

Во знак на благодарност на Град Скопје и на скопјани, за несебичната помош на норвешкиот дипломат Торвалд Столтенберг по катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година, улицата што ги поврзува Градскиот парк, Градскиот стадион и кејот на реката Вардар ќе го носи името „Улица Столтенбергова”.

Градоначалникот Петре Шилегов додаде дека Скопје секогаш ќе се сеќава на тие што му помогнале во неговите најтешки времиња.

– Токму затоа, оваа табла му ја подарувам на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за да знае дека тоа што го направи неговиот татко за овој град, никогаш нема да биде заборавено – нагласи Шилегов.

Тој додаде дека заслугите на Столтенберг во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 се огромни.

– Скопјани го паметат по изградбата на детската болница во Козле, која што е донација на Кралствата Норвешка и Шведска, изградбата на норвешките бараки во Тафталиџе, како и координацијата на помошта на норвешкиот Црвен крст што пристигала во првите денови по земјотресот. Торвалд Столтенберг направи многу за Скопје и за граѓаните на овој град, но она што го остави зад себе овој голем човек се мостовите на пријателство меѓу Македонија и Норвешка, изградени од солидарност и хуманост – додаде Шилегов.

Столтенберг изјави дека Скопје имало посебно место во срцето на татко му, поради блискоста со градот по катастрофалниот земјотрес од 1963 година.

– Тој беше почестен од неговото прогласување за почесен граѓанин на Скопје и сигурен сум дека ќе му претставуваше голема чест што улица во Скопје ќе биде именувана по него – рече Столтенберг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...