Вчера, околу 16.50 часот, во Скопје на улица Баница во Пржино, избувнал пожар во зграда, при што биле опожарени осум подрумски простории, кои една аптека ги користела како магацински простор, се вели во билтенот на МВР.
Во пожарот 10- годишно девојче вдишало чад и било однесено на Клиниката за токсикологија.
Од Противпожарната бригада информираат дека пожарот бил локализиран и во неговото гаснење интервенирале 30 пожарникари со седум возила.